Графитите во Македонија

22.05.2012 11:44
Графитите во Македонија

На 18.05.2012 година краткиот документарец насловен „Lions, Warriors and Graffiti Artists: Counter-Culture in Times of Revived Antiquity“ (Лавови, воини и уметници што цртаат графити: контракултура во време на оживеана антика), имаше чест да ја отвори големата светска археолошка конференција Buffalo TAG 2012.

Овој документарец, заедно со Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ, го направивме со многу голема љубов за да документираме дел од графитите кои исчезнале или исчезнуваат пред новите урбани концепти кои се спроведуваат во нашата држава, пред сè во Скопје.

Проектот нема политичка димензија, ниту пак ние со Илина имавме намера тој да добие било каква политичка конотација. Овој мал проект за графитите во Македонија го завршивме со скромни финансии, а целта ни беше без каква било цензура или монтирање на изјави да се слушне гласот и мислењто на графити уметниците кои го обликувале или сè уште го обликуваат визуелниот дел од онаа субкултура која е казнива според законот на РМ, а сепак искористена (не злоупотребена) од истата таа гарнитура.

Голема благодарност до сите графити уметници кои офлајн и онлајн помогнаа да го склопиме сето ова. Благодарност и до Мики за монтажата.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Извор: arheo.com.mk

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото