Android's dream of electric pets

06.05.2011 09:44
Android's dream of electric pets

Ова е филм чија режија, идеја и глума се на Наташа Гелева, а уметнички директор е младиот македонски режисер Јане Алтипармаков. Филмот беше премиерно прикажан на 1-от Мобил фестивал кој се одржа на 19 ноември 2010 година во Младинскиот културен центар во Скопје.

Да потсетиме, Мобил фестивал е фестивал на филмови правени на мобилен телефон, каде што учесниците можат да ја покажат својата духовитост и иновативност во однос кон документирањето на настани, ситуации и ликови кои се колоритот на нашето секојдневие. Целта на овој фестивал е да се промовира нов медиум за лансирање на нови филмски форми и да се создадат услови кои ќе мотивираат млади автори да снимаат и документираат факти и ситуации со својот мобилен телефон.

Your browser is not able to display this multimedia content.

I like it.

I like it.