По Кина и Италија, владата на роуд шоу на Антарктикот

25.05.2012 14:20
На Антарктикот веќе се прават подготовки за гостувањето на македонскиот премиер

По минатонеделната, шестдневна бизнис посета на повеќе градови во Кина, и сегашната на Италија, од извори блиски до владата Пара вести дознаваат дека владиното роуд шоу ќе продолжи со дводневна посета на Антарктикот.

Економскиот тим, предводен од премиерот Никола Груевски, ќе го искористи престојот на Јужниот пол за средби со потенцијални пингвински инвеститори на кои ќе им се презентираат економските и инвестициските можности на Македонија, вклучувајќи ги и сите даночни и административни бенефиции што им се нудат на останатите човечки инвеститори.

Македонскиот премиер вчера најави и средба со реномирани политички претставници на пингвините од Антарктикот, како и средба со раководството на сестринската партија ВМРО-Пингвинска, на кои ќе се дискутира за зацврстување на политичките, деловните и културните врски меѓу нашите две пријателски земји. Освен тоа, Груевски ќе одржи и економска презентација на Македонија пред повеќе антарктички компании.

Како гест на добра волја, Македонија на Антарктикот ќе му подари и дваесетметарска скулптура „Пингвин на коњ“, која ќе го краси главниот плоштад на престолнината на оваа земја. Авторка на скулптурата повторно е Валентина Каранфилова-Стевановска, а споменикот ќе чини 100 милиони евра.

САД, Јапонија и Германија на

САД, Јапонија и Германија на роуд шоу во Македонија...

АМА ЗАБОРАВИ ДА кажеш

АМА ЗАБОРАВИ ДА кажеш (намерно или ненамерно) и ПИНГВИНСКА ОПОЗИЦИЈА СО ПИНГВИНСКИ ЛИДЕР И ПИНГВИНСКО ЧЕЛНСТВО.. ова е само потестување за наредните пара вести барем кога ке пишувате пишувајте до крај како што треба НЕЛИ ДЕМОКРАТИ СТЕ И ВЛАДЕЕ СЛОБОДНО НОВИНАРСТВО п.с доколку не ми го објавите ова ке сметам дека СТЕ АВТОРИТАРЕН САЈТ и ми ги нарушувате основните човекови права а тоа се ПРАВО НА СЛОБОДНО ИЗРАЗУВАЊЕ И МИСЛЕЊЕ :)ајде сега да ве видам (администратори - борци за ч
овекови права ) ВИЕ СТЕ НА ПОТЕГ