Анкета на ИМВМ: за Груевски 99,9%, за Црвенковски 0,1%

19.06.2012 15:32
Анкета на ИМВМ: за Груевски 99,9%, за Црвенковски 0,1%

Институтот за мерење на ветер и магла (ИМВМ) во периодот од 15-17 јуни спроведе телефонска анкета меѓу членството на ВМРО-ДПМНЕ за рејтинзите на политичките партии и лидери во Република Македонија.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1.666 вмровци, репрезентативен за Македонија.

Во процесот на истражувањето запазени се партиските карактеристики и специфики на вмровците (како што се етничката структура, старосна група, образование, степен на ретардација и пол). Маргиналната (статистичка) грешка за податоците изнесува ±0,1%.

Резултатите од анкетата покажуват дека највисок рејтинг меѓу вмровските гласачи има ВМРО-ДПМНЕ со 99.9%, потоа следува СДСМ со 0.1%, додека помалите партии воопшто не котираат во свеста на обичниот симпатизер на владејачката партија.

Исто така, запрашани за кој политички лидер би гласале доколку уште утре се одржат избори, 99,9% од анкетираните вмровски симпатизери се определиле за Никола Груевски, додека само 0,1 процент од нив изјавиле дека ќе гласаат за Бранко Црвенковски.

Понатаму, дури 66,33% од приврзаниците на владејачката партија не знаат за кој лидер би се одлучиле во случај Груевски да избега од земјава со вреќи полни со пари, додека 33,77% од нив изјавиле оти и тие ќе го следат неговиот пример.

Од Институтот за мерење на ветер и магла како интересен податок го посочуваат фактот дека меѓу симпатизерите на владејачката партија не постојат неутрално определени членови.

ОкоБоли главаВицФото