Сликите на американскиот уметник Џејми Тридвел (Jaime Treadwell), кој живее и твори во Филаделфија, наликуваат на дела на уметник кој под дејство на ЛСД прошетал низ денешно Скопје и своите впечатоци ги пренел на сликарското платно.
Додека загадувањето го задушува народот, тие донесуваат закони со кои податоците за индустриските загадувачи ги прогласуваат за деловна и државна тајна. Наместо транспарентност и правда, добивме криење и лаги. Наместо да ни обезбедат здравје, ни обезбедија труење и смрт.
Оваа власт истренира 300 илјади луѓе да гласаат со исклучен разум, хранети со лажни ветувања и водени од лична корист, купена со наши пари. Сосема доволно за да им ја решат судбината на останатите 1,5 милиони луѓе, од кои половината решија да не гласаат на избори. Така опстанува овој штеточински режим, не со вистината, туку преку релативно мала група што верува во лагите што им се сервираат.
Со помош на платена пропаганда и послушни медиуми, државата ја претворија во споменик на лагата, а од вистината се плашат повеќе отколку од каква било катастрофа. Зашто само вистината не можат да ја купат.
Во насловот ви фали:
Испратено на 23 јуни 2012 од SpikerВо насловот ви фали: „Повторувам! Скопје 2014 на ЛСД!“