Дали и Ванчо Михајлов бил жртва на комунистичкиот режим?

15.08.2012 13:32
Дали и Ванчо Михајлов бил жртва на комунистичкиот режим?

Парадоксот на транзицијата

Лустрацијата е чедо на транзицијата. Еден од клучните предизвици на лустрацијата е: Како да се воспостави транзициска правда без да се повредат човековите права? Советот на Европа јасно ги образложува целите на транзицискиот процес: “да се креираат плуралистички демократии, засновани на владеењето на правото и почитувањето на човековите права и разновидноста”.
Кој е клучниот парадокс на македонските лустратори? За транзицијата зборуваат во минато свршено време, а истовремено спроведуваат лустрација?! “Во Република Македонија предолго траеше транзицијата, за разлика од другите земји од централна и источна Европа” тврди претседателот Иванов, кој уште како политолог објаснуваше дека "Теоретски транзицијата во Македонија е завршена”.
Но, се додека се спроведува лустрација, Македонија ќе биде перципирана како земја во транзиција.

 

Парадоксот на владеењето на (не)правото

Лустрација, по дефиниција, може да спроведува само демократска држава заснована на владеењето на правото. При справувањето со наследството на поранешниот комунистички режим, мора да се применуваат процедурите на демократската држава заснована на владеењето на правото. Според принципите на Советот на Европа, државата “не може да применува било какви други средства, затоа што тогаш не би била подобра од претходниот тоталитарен режим кој треба да биде надминат”.
Но, македонската лустрација е се друго само не “владеење на правото”. Во првиот дел од фељтонот покажавме дека лустрацијата се спроведува надвор од законските рамки, со документи за идеолошко-политички прогон и по 2006. Како што ќе видиме во едно од наредните продолженија, лустрацијата се спроведува во спротивност не само со одлуките на Уставниот суд туку и со одлуките на Европскиот суд за човековите права бидејќи не овозможува право на фер судење.

 

“Маршаловиот“ парадокс

Од една страна, македонската лустрација треба да расчисти со тоталитарното наследство на Титовиот режим. Од друга страна, централната скопска гимназија сеуште гордо го носи името “Јосип Броз Тито”.
Македонските лустратори ги истакнуваат како главни жртви на политички прогон лицата што ја повредувале честа и угледот на Тито. Но, парадоксално, никој од политичката елита која застана зад лустрацијата не побара преименување на гимназијата “Јосип Броз Тито”.

 

Парадоксот на националистичката лустрација

Според принципите на Советот на Европа, лустрацијата треба да биде проследена со трансформација на менталитетот, што подразбира, меѓу другото, и расчистување со непочитувањето на разновидноста, со екстремниот национализам, со нетолеранцијата, со расизмот и ксенофобијата како составен дел од стариот комунистички режим.
Меѓутоа, македонската лустрација ја спроведува политичка елита која фаворизира поинаква трансформација на менталитетот: непочитување на разновидноста, рехабилитирање на екстремниот национализам, поттикнување на ксенофобијата и нетолеранцијата, и промовирање на расистички концепти и теории (за “Гоцевата раса” и “Македоноидите” како супериорна раса во однос на “Негридите” и “Монголоидите”).


Лустрација без рехабилитација на жртвите?

Советот на Европа, покрај лустрацијата, препорача и судења за индивидуалните злодела кои треба да бидат проследени со рехабилитација на неправедно осудените жртви и оние кои биле прогонувани и судени за злодела кои во едно цивилизирано општество не се сметаат за кривични дела. Исто така, беше препорачано и материјално да се компензираат жртвите на “тоталитарната правда”, а компензацијата да не биде помала од компензацијата за неправедно осудените во сегашноста.
Но, никој досега во Македонија не е суден за индивидуални злодела во комунистичкиот режим. Дури ни оние кои најактивно биле вклучени во полициско-судскиот прогон на Методија Андонов Ченто кој, парадоксално, е единствената судски рехабилитирана жртва на комунистички монтиран процес. Ниту има донесено закон за рехабилитација на жртвите, ниту пак за нивна компензација. Врв на апсурдот е изјавата на актуелниот незаконски претседател на Комисијата на лустрација (со одамна истечен мандат):
“А по 10 до 15 години, кога ќе се затвори целиот овој процес, ќе мора да се направи рехабилитација на жртвите бидејќи со гледањето на овие досиеја дојдовме до фрапантни податоци што им се случувало на одредени семејства, на одредени личности поради работењето на соработниците и на тие служби.”
Зарем денешните “лустратори” ќе чекаат цели 10/15 години, најголем дел од жртвите да бидат два метри под земја, па дури потоа да ги рехабилитираат? Ваквите идиотски изјави се показател дека на “лустраторите” воопшто не им е гајле за нерехабилитираните политички жртви, кои немаат добиено ни денар компензација за страдањата во време на поранешниот режим.


Кои се жртвите а кои се прекршителите на права?

Справување со комунистичкото минато не е можно без идентификување на жртвите на идеолошко-политички прогон и оние кои ги прогонувале.
Навистина, кои се жртвите на идеолошко-политички прогон идентификувани од страна на Комисијата за верификација на фактите?
Во неколку од објавените случаи, Комисијата лустрираше лица објавувајќи документи од кои се гледа дека биле активни соработници на тајната полиција која обработувала михајловисти.
Парадоксално, во случајот “Гоце”, Комисијата го верификува фактот дека “бил ангажиран за соработка со службата како информатор по студентска младина и разработка на поранешни членови на групата млади националисти”. Комисијата го верификува “фактот” на службите дека “Гоце” бил “соработник на ДБ ангажиран на компромитирачки материјал”, но не и “фактот” дека бил “член на повоена ванчовистичка група” ангажиран за “работа меѓу поранешните членови на таа организација”. Од објавените документи јасно се гледа дека “Гоце” известувал за лица кои го прашувале дали го знае Ванчо Михајлов и кои го запознавале со неговото дело: “Бидејќи не го знаев, ме запозна, зборувајќи ми дека Ванчо Михајлов е деец од Илинденското востание кој и денеска работи за обединувањето на Македонија. Го прашав каде се навоѓа тоа лице. Ми одговори дека е во Лондон.”
Од објавените докази за соработка, јасно е дека Ванчо Михајлов и неговите следбеници биле предмет на обработка на службите. Уште појасно е дека добиените информации за Ванчо Михајлов се комплетно историски незасновани. Имено, Ванчо Михајлов не е деец од Илинденското востание (тогаш имал само седум години), ниту пак тогаш се наоѓал во Лондон.
Како и да е, со објавувањето на овие документи како докази за соработка од идеолошко/политички причини, Комисијата за лустрација ги призна Ванчо Михајлов и неговите следбеници како жртви на комунистичкиот режим, а ги осуди лицата кои давале информации за нив како соработници од идеолошки и политички причини кои активно учествувале во прекршување на нивните права.
Уште поголем парадокс е што ваквата рехабилитација на ванчомијаловизмот се случува во период кога се уште во Македонија не може да се регистрира здружението “Радко”, кое во својата програма истакнува:
“Таканаречениот во Уставот на државата, "македонски народ'' е српска измислица и коминтерновска творба. Бидејќи како производ на Македонизмот (Србокомунизмот), тој историски пред тоа никогаш не суштествувал. Македонските комунисти, чија татковина беше болшевичка Русија и Белград, за да можат после Втората светска војна да бидат на власт, требаше на крволоците Сталин и Тито да им платат со крвта и страдањата, односно со културниот геноцид над сопствениот народ, Бугарите од Македонија. Тој немилосарден акт е достоен на делото кое што го извршил византискиот император Василиј II – Бугароубиецот. Ваквото видување на Здружението РАДКО - Охрид е апсолутно во согласност со идеите на МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ, односно со пишаниот збор на Иван Михајлов”.
Дали Иван Михајлов и неговите следбеници биле легитимни цели на службата за државна безбедност или, како што сугерира Комисијата за лустрација, биле и сеуште се жртви на идеолошко-политички прогон?

(Фељтонот продолжува: Лустрација на жртвите, амнестија на прекршителите)

Слики: Свирачиња

Odlicno Zarko.

Odlicno Zarko.

Пар-екселанс

Пар-екселанс ванчомихајловисти - ВРХОВИСТИ, улетаа у лош говнарски кошмар намерно или ненамерно; џабе се нови скулптури на познати Македонци, читам тамо у Дневник ќе им праат на уметници, поети, борци, итн. на Пандилов, Личеноски, на Тодор Проеф кој личи на трупец, а Личеноски личи на ретард-кепец, ќе им праеле и на Вапцаров, Коле Неделковски, Рацин, Орце Николов, Стив Наумов. Џабе се перете говна ВРХОВИСТИЧКИ, џабе! Но, тоа што ме загрижува е СДСм со крајно лошите избори за луѓе за градоначалници (едни та исти, та преку куроф нек идат, никакви појавност и ужас програма), а Солидарност како да се мала група педера која не сака да се шири, не сака да се појавува, не сака да зборува и пресува, не сака нови меѓу нив (никако), не сака да регистрира партија, (него ќе чекале тоа да се побарало молим те, јеботе логика на неискусни), не сака да покаже програма, не сака да покаже 20 лидери, всушност покажува дека ги поддржува мрачните терор методи на ванчомихајловистите и материјалот кој е на сред (Ние, да не ми се љути замјатин ;-)

На окно.мк може да се примети, преку душата на сајтот, коментарите, што се случува таму во стварноста како акција на медиумите и ПиАр телевизиите во директна сопственост на врховистите (Дневник кој е во сопственост на Шупакот на Мијалков) превземени после пишувања тука, тоа е толку смешно и трагично-мутаво, како да прават политика како реакција на пишувањата, ја не знам чоече, шо политика е тоа; преку деманти или конкретни акции како ова со новите скулптури на познати уметници и борци у НОБ или она со откритието за Тодор Петроф-хомото или многу други, за госпот, итн. Па каде у свет се видело шпекулативен бизнис морон да биде директор на државна безбедност, човече!?! Ало ЕсДееС, МОРОНИ, лупајте го Мијалкофффффф!

Ванче бил терориста и наци

Ванче бил терориста и наци соработник кој се обидел да создаде фашистичка Македонија. Ако Ванче не бил предмет на интерес на УДБА и КОС, тогаш зошто постоеле? Ванчовистите се друга прича. Тие наебале, а многу од нив без никакво судење.

Tито и Лазо каспеле кој ќе

Tито и Лазо каспеле кој ќе стигната. Ванчомихајловисти или не биле затварани убивани или мачени само поради политички идеи без соодветно и правично судење. А секој што соработувал со тој монструозен режим треба да биде јавно означен. Сакате демократија слобода и човекови права за сите не само за вас? Еве ви како тоа треба да изгледа.

Луѓе соработувале со

Луѓе соработувале со злосторнички режим и знаеле дека тие што ги кодошат може да биде прогонувани и несоодветно третирани. Лустрацијата не сноси некоја голема казна не се оди во затвор само се прогласува личноста несоодветна за вршена јавна служба што е соодветна казна. Правдата треба да е слепа без разлика дали се ванчовисти албански фундаменталисти или некој кој само имале дома девизи или злато.

Да, ама што станува со

Да, ама што станува со удбашите кои ги вршеле сите гнасни злосторства? Зошто нивните имиња се штитат?

Е ова е спин. Место да

Е ова е спин. Место да дискутираме за Милчин и неговите блиски средби од трет вид со тајните служби у Хотел јадран, ние дискутираме за цркнатиот бугараш. Фак Ванчо Михајлов енд фак Милчин!

трпение друже Dick, трпение.

трпение друже Dick, трпение. читам, у следното продолжение ќе има за лустрација на жртвите и амнестија на Удбашите. туку, сега ми е појасно што бара восочната фигура на крвникот Михајлов во музејот на жртвите на комунизмот. Фашистите си го слават фашистичкиот слуга.

читателе и за Милчин ќе има

читателе и за Милчин ќе има восочна фигура во музејот, отсек кодоши. Damn може и рамо до рамо со Михајлов ќе бидат.

Dick, како што си тргнал да

Dick, како што си тргнал да клеветиш, кодошиш и спинуваш, гледам, може и да заслужиш восочна фигура у музејот на ВМРО, веднаш до Михајло Маневски и косовецот Мијалков. Обвинуваш за спин, а најголем спин испадна удбашката подметачина дека Драматург го кодошел Табакерата. Бргу се откри дека кодошел некој Мишо, ама вие не сте кадарни ни една подметачина да напраите ко што треба. :)

Жаре е навидум обичен човек,

Жаре е навидум обичен човек, но кога ќе изеде банана станува... Бранителначовековиправамен!

Ги одбрани правата на сите човеци во Македонијава, па сега се наврте да го брани и Ванчета!

Тоа е дел од нашата

Тоа е дел од нашата програма:
После Втората светска војна, Вардарскиот дел на Македонија согласно
Парискиот мировен договор од 1947 г., одново останува во границите на
Југославија. Овој пат Белград применува нова стратегија во однос на
бугарското население. Тоа е србокомунистичката доктрина ,,македонизам’’,
создадена од Коминтерната во 30–те години на 20 век, специјално во помош на
Југословенската комунистичка партија. Целта на оваа доктрина е подмолното
уништување на Македонската Бугарштина преку прогласувањето на бугарите од
Македонија за ,,африканско племе’’, кое што е без историја, култира, јазик и
идентитет и создавање од него на таканаречен ,,македонски народ’’.
Болшевичкиот режим во Вардарска Македонија се представува пред бугарското
население како ,,новаторски’’, којшто му дава можност за прв пат на тоа
население, преку тој етноним ,,да биде слободно и самостојно да се
развива‘‘. Во 1945 г. се создава таканаречениот ,,македонски јазик’’, којшто е
дијалект на бугарскиот литературен јазик, со користење на српската азбука, во
замена за дотогаш употребуваната бугарска азбука.
Ако болшевичкиот режим во Вардарска Македонија би сакал да помине како
ослободител за македонските Бугари, тој требаше пред се да им ја врати
училишната и црковната слобода од времето на Османската империја заедно со
слободно исповедување на национално име, наместо повторно да ги затвори
бугарските училишта и цркви, коишто привремено биле вратени меѓу 1941 -
1944 година, кога Бугарија го управуваше тој дел на Македонија. Значи,
болшевичкиот режим во однос на Бугарштината во Вардарска Македонија го
вршеше истото, што го правеше српскиот режим во Кралска Југославија.
Болшевичкиот режим превзеде создавање за македонските Бугари на еден нов
литературен јазик од бугарскиот дијалект којшто се зборува во северо-
западниот дел на Вардарска Македонија, Скопско – Тетовско - Кичевско. На
односниот дијалект бугарскиот народен будител Кирил Пејчинович, по потекло
од село Теарце, Тетовско, напишал книга за "простиот бугарски народ" пред
околу 200 години. Експлицитно тој истакнал дека книгата се пишува на
"простијот бугарски јазик", со што покажува дека така зборува славјанското
население во Северозападна Македонија, утврдено од него за чисто бугарско.
За успешно постигнување на одредената задача - денационализација на
македонските Бугари, болшевичкиот режим превзеде и голем број на други
мерки. Така на пример тој проповедува дека не Бугари, а “Македонци“ се сите
емигранти коишто се наоѓаат во Бугарија, кои во текот на децении ја
напуштиле Македонија во врска со револуционерните борби. Понатака се
прогласија за “Македонци“ и оние Бугари кои живеат во Пиринска Македонија.
Никаква бугарска книга не може да се печати во Вардарска Македонија, ниту
бугарски весник може да се издава. Притоа превземено е генерално
фалсификување на целата вековна историја на бугарската народност - нација
во Македонија. Се користи и најмалиот случај, за да се насаскува македонското
општество против Бугарштината, да се оддалечува од неа и да станува
непријател. Останатите националности во Македонија беа признати од
болшевичкиот режим такви, какви што си беа и порано - Турци, Албанци, Власи
итн. Тешко само на оној што сака да се нарече Бугарин.
Очигледно е, дека името Македонец може да биде, всушност и е, само еден
географски поим. Дека е Македонец, ќе ви одговори и Гркот и Влавот и
Албанецот, дури и Турчинот, роден во Македонија. Така со право друг Бугарин
ќе ви каже дека е добруџанец, што значи дека е од Добруџа, или тракиец, што
значи дека е од Тракија. Селаните во Западна Бугарија, особено во Софискиот и
Кјустендилскиот округ се нарекуваат "шопи", а во Видинскиот, делумно и во
Врачанскиот округ се нарекуваат "торлаци". Но, кој би се осмелил да тврди
дека суштествува добруџанска или тракијска, шопска или торлашка народност -
нација. Во средината на секоја народност - нација суштествуваат географски
или провинциски имиња.
Територијата пак на Вардарска Македонија се организира во Република
Македонија и се прогласи за составен дел на Југословенската федерација.
Процесот на ,,македонизирање’’ на бугарското население во Вардарска
Мкедонија после 1945 г. поприма карактер на класичен геноцид. Податоците
говорат, според многу извори, дека приближно од еден милион христијанско
население заради заштитата на сопствениот бугарски идентитет и јазик се
убиени без суд и пресуда околу 23.000 души, околу 130.000 се осудени меѓу 10
и 15 години затвор, околу 200.000 се иселени од родните места и околу 300.000
души се постојано следени и малтретирани од службите за сигурност.

Основните задачи на

Основните задачи на Здружението РАДКО - Охрид:
- Бугарите од Р. Македонија да претставуваат конститутивен елемент во Уставот
на државата;
- Еден од службените јазици на државата да биде и Бугарскиот литературен
јазик;
- Афирмација на Бугарската историја и култура;
- Заштита од присвојување и фалсификување на Бугарската историја и култура;
- Возобновување на потребните културно-образовни и црковни институции во Р.
Македонија по подобие на бугарските културно-образовни и црковни
институции коишто суштествуваа на територијата на Р. Македонија во времето
на Османската империја, се разбира прилагодени на современите услови и
потреби;
- Возобновување на духовното и културното единство на Бугарите од Р.
Македонија и Бугарите од Р. Бугарија;
- Заштита на Бугарите во Р. Македонија од репресии, полициско набљудување и
малтретирање, прогонување, дискриминација и културен геноцид.

Повеќе од сто триесет години

Повеќе од сто триесет години вниманието не само на политичкиот и
културниот свет, но и на широкото светско јавно мислење е привлечено од
Македонското прашање, како едно од најголемите драматични точки во
нестабилната положба на Балканот. Иако светската дипломатија често се
занимавала со него и меѓународниот печат постојано ја истакнувал потребата
од правично решение на Македонското прашање; исто така иако студената
војна заврши и почна демократизацијата на поранешните социјалистички
источноевропски земји, Македонското прашање остана во старата состојба на
неуреденост.
Во светот се знае дека Македонското прашање излегува на сцената за прв пат
по 1878г. - кога беше создадена Бугарската држава, со решението на
Берлинскиот конгрес. Територијата на Македонија, повторно останува под
владеење на Османската империја и започнува ослободителна борба на
бугарското население. Тогаш почнува да се зборува за посебно Македонско
прашање. Дотогаш, такво прашање не суштествувало, бидејќи тоа било дел од
општото прашање за ослободување на бугарската народност (нација), дел од
општото бугарско национално прашање што се однесувало подеднакво за трите
големи географски области (каде што живее бугарската народност - нација),
Мизија, Тракија и Македонија.Затоа, во својата основа Македонското прашање
е бугарско национално прашање.