Маргина #37

23.08.2012 10:18
Маргина #37

Маргина - елементи на самосвест 1

Почитуван господине претседателе со госпоѓата, драги црковни и световни власти, ценет дипломатски кору, уважени гости од странство, драги пријатели, државјани и членови на НСК, почитувано општинство.

Кога ќе погледнам во себе и околу себе, ме заблескува светлина и го слушам гласот што зборува: „Спознај дека си настанал, таков каков што си, месо и крв, животно, за мене, кој барам сексуално задоволување во една потполна женска, во црна дупка, дека си настанал без сулфур и без електрика, спознај дека си станал незанимлив и ништожен. Тоа накитено суштество и светот што постои денес веќе не ме возбудуваат и претставуваат минато. Тука веќе сè сум излижал и секаде сум продрел.“

Јавности моја, на тој глас треба да се внимава. Меѓу нас работите се уште поедноставни. Крамповите, лопатите, секирите и клештите, вилушките, ножевите и француските клучеви со коишто си помагаме во животот се испокршени, изгниени:

Политиката е куца курва, којашто веќе никому не може да му го подигне, нацијата е мртва, парите се импотентни и веќе не можат да го одушеват модерниот човек. Финансиите се за сиромашните, а не за нас.

Ништо од тоа не ги задоволува барањата на принципот чијашто содржина е живото единство од сили, живите ерупции на смисла и уживање.

Но не е толку далеку денот кога ќе можеме тебе, тебе или тебе да ви ги замениме главите и во една сајберобработка да те подмладиме на тој начин како стогодишник да можеш да усреќиш една млада кравичка, или своето парење во виртуелниот свет да го претвориш во стварност; тоа сè уште не значи дека сме го грабнале Бога и дека стварно ги знаеме вистинските волови.

Но што? Треба да се каже дека вистинското задоволство нема да биде достижно ако работите не ги поставиме така човечката душа да биде зафатена со паника и очајување. Вистинскиот свет е оној што го нема или е преку непосредниот живот истоштено чудовиште. Тоа чудовиште нема никаква врска со културата. Културата, тоа не е никаква уметност. Секој селанец може да има дебел компир - тоа, имено, е култура. Што е уметноста, пак, тоа го знае само Господ. Нам не ни треба никаква култура, нам ни треба божјата маст.

Hominis tota vita nihil aliud quam ad mortem iter est. Вистинскиот живот е вон овој живот. Почнувајќи оттаму од каде што допира апсолутот на болката. Таму е каде што злото станува наш болен. За таквиот живот ни е потребна таа маст. Намачкани со неа, ценет собиру, низ пеколниот оган продираме во дупката на Небото. Затоа ви велам: смислата, вистината на сè е во нешто што не е ниту живеење ниту смрт.

Тоа нешто е оргазмот.

Петер Млакар
(Говор при отворањето на Европскиот месец на културата во Љубљана на 15. 5. 1997)

Маргина #37:

Маргина - елементи на самосвест
Петер Млакар - Говор ...
Славој Жижек - Дупка во знамето
Владимир Сорокин - Можности

Тело/Технологија
Бојана Кунст - Последната Територија
Tracy Warr - Спијач
Гордана Внук - Пост-Порн модернистки
Orlan
Игор Прибац (Интервју) - Телото станува слика и знак
Владимир Давчев - Медитации за духот и телото

Деструкција/Уметност
Александар Бренер
Ron Athey
Franko B.
Kristine Stiles - Праг на контролата
Јуриј Мамлеев - Наличјето на Гоген (Расказ)

Фонтови/Фразирање
Т. Гамкрелиѕе - Семиотиката на писмото како систем
Т. Гамкрелиѕе - Алфабетски системи на писмо
Павел Попов - Кирилично писмо
Alexander Galloway - Фонтови и фразирање

Локална сцена
Кирчо Арсовски - Вештерка со избушен јазик (Драма во 34 сцени)

Екстази
Побезбедно „Откачување”
Nicholas Saunders (Интервју) е - Спиритуални височини

Глобална сцена
Бранислав Димитриевиќ - За современата Британска уметност
Маја Мегла - Сурфирање меѓу жанрови (За Лајбах)

Бесплатно преземете ја од линкот подолу:

 

ПрилогГолемина
Преземи2.56 MB

ДИКТАТУРАТА НА ДЕЛО, ЕВЕ ЈА!

ДИКТАТУРАТА НА ДЕЛО, ЕВЕ ЈА!

Слични содржини

Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека
Е-библиотека

ОкоБоли главаВицФото