Мораме да имаме право да се навредуваме!

22.10.2012 10:25
Мораме да имаме право да се навредуваме!

Британскиот глумец кој сите го познаваме како Мистер Бин, Роуан Аткинсон, ја претстави кампањата за слобода на говорот и промена на британскиот закон кој забранува „навредливи зборови и однесување“. Аткинсон ја нападна „застрашувачката култура на цензурата“ која резултираше со апсење на еден католички свештеник кој ја критикуваше скиентологијата, па дури и еден ученик поради „непристојна шега“.

Тој ја критикуваше „новата нетолеранција“ и повика на менување на Законот за јавен ред, со образложение дека тој ја загрозува слободата на изразување протест.

„Јасен проблем на забраната на навредата е тоа што премногу работи можат да бидат интерпретирани како навреда. Критикувањето, исмејувањето, сарказмот, сето тоа може да биде протолкувано како навреда“, вели Аткинсон.

Неговата иницијатива уследи по низата контроверзни законски постапки против граѓани чии мислења и ставови се протолкувани како навредливи. Една од нив е и притворањето на шеснаесетгодишник кој носел плакат со натпис „скиентологијата е опасна секта“, како и на активисти од организацијата за права на хомосексуалците Outrage!, притворени откако протестирале против ставовите на исламската фундаменталистичка група Хизб ут-Тахрир за хомосексуалците, Евреите и жените.

Аткинсон смета дека законот не треба да го поддржува овој нов вид нетолеранција, а неговата кампања веќе доби поддршка од организации како The National Secular Soceity, The Freedom Association и Big Brother Watch.

Извор: telegraph.co.uk

Слични содржини

Општество / Активизам / Свет
Активизам / Јавни простори / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Свет
Општество / Активизам / Свет / Технологија
Европа / Свет

ОкоБоли главаВицФото