Русија: упатство за откривање геј војници

28.01.2013 11:26
Русија: упатство за откривање геј војници

Весникот The St. Petersburg Times советува да се посвети особено внимание на тетоважите „во пределот на лицето, гениталиите и задникот“, затоа што тие делови на телото имаат потенцијал да ги откријат „сексуалните девијации“.

„Што ќе направат? Ќе ги прегледаат гениталиите на војниците за да најдат тетоважи? И како ќе ги испрашуваат за нивните први сексуални искуства?“, запраша еден заменик командант на батаљон во Јужната воена област, којшто инсистира да остане анонимен.

„Имав еден геј војник на договор, којшто дојде во војска само за да најде повеќе партнери. Се разбира дека за такви луѓе нема место во војската“, додаде овој офицер.

Daily Mail уште пред неколку години го цитираше извештајот на ОН според кој хомосексуалноста и машката проституција во руската војска се особено често присутни.

Упатството на министерството за одбрана не се однесува само на геј мажите во војската, туку и на оние коишто се подложни на влијанија од „странски елементи“.

„Вакви тетоважи можеби укажуваат на ниско ниво на култура и образование кај регрутите“, стои во упатството.

„Под влијание на странски фактори, убедување или принуда, тие би можеле да укажат на слабостите на младиот човек и на неговата подложност на влијанијата на туѓата волја“, се додава во упатството.

ЛГБТ заедницата во Русија го смета ова упатство за најнов пример на државната политика насочена кон оваа заедница. Неодамна е донесен закон за „хомосексуалната пропаганда“, чијашто примена ќе се одвива низ цела Русија.

Извор: Beta

ОкоБоли главаВицФото