Гинисов рекорд на градоначалниците на ДПМНЕ по бројот на проекти

07.03.2013 16:15
Гинисов рекорд на градоначалниците на ДПМНЕ по бројот на проекти

Скопје, 7 март 2013

Во предизборниот период, владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја израдува уште една добра вест: досегашните градоначалници од оваа партија ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди според бројот на остварени проекти за време на мандатот.

Имено, еден градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во просек реализира по 165.482,9 проекти во текот на еден мандат. Иако бројката е навистина импресивна, од ДПМНЕ велат дека не е важен квантитетот, туку квалитетот на проектите.

„Се гордееме со постигнатите резултати. Бројните проекти говорат дека работиме за граѓаните. Одвртување шраф од чешма, Вадење на изабената гумичка од чешмата, Ставање на новата гумичка за чешма, Стегање на шрафот од чешмата при менувањето на гумичката и др. се само дел од проектите кои ги реализиравме“, гордо изјави градоначалникот на Општина Мрзеливо, Мравко Вредновски.

Неофицијално, Пара вести дознава дека во Гинисовата книга на рекорди ќе се запише и Николај Грубевски, бидејќи на митинзите на кандидатите за градоначалници зборува подолго од кој било друг премиер во светот.

Политичките аналитичари оценуваат дека Гинисовиот рекорд според бројот на проекти ја зацврстува позицијата на кандидатите на ДПМНЕ, а евентуалното впишување на Грубевски во славната книга на рекорди однапред ќе ја завери победата на кандидатите на владејачката партија.

Слика: Pawel Kuczynski