Боб Дилан како оружје во Студената војна

11.04.2013 10:43
Боб Дилан како оружје во Студената војна

Еден од неостварените планови на Вашингтон во Студената војна бил да испрати музички икони како Боб Дилан, Џони Мичел и Џејмс Тејлор во Советскиот сојуз, за да го „разнишаат“ комунизмот.

Уметниците се нашле на листата ѕвезди за кои владата на САД сметала дека со турнеја низ Советскиот сојуз можат да го придобијат јавното мислење.

Волтер Стосел Јуниор, некогашен амбасадор во Москва, пишува дека Русите покажале слаб интерес за американската соул музика.

Сепак, во 1975 година, во својата дипломатска порака до Вашингтон, тој препорачал дека лесниот рок како „Free Man in Paris“ на кантавторката Џони Мичел би можел да биде голем хит кај угнетените. Додал дека би требало да се даде приоритет на блуз-рок или кантри-рок музиката.

Во една од 1,7 милиони американски преписки од периодот од 1973 до 1976 кој Викиликс неодамна го објави, се наведува дека „би било одобро да се пристапи со големи ѕвезди отколку со помалку познати уметници“.

Освен Дилан, Мичел и Тејлор, амбасадорот ги препорачал и Lynyrd Skynyrd, Poco i The Nitty Gritty Dirt Band. Нормално, ниту еден од споменатите музичари тогаш не засвирил зад железната завеса, а не е познато ниту дали тоа некогаш им било понудено.

Единствениот јавен настап на Боб Дилан во Советскиот сојуз бил на поетскиот концерт во Москва, 1985 година. Сепак, ниту тој, ниту Џони Мичел никогаш не биле на турнеја во таа земја.

Првиот најважен западен музичар кој одржал концерти во Совесткиот сојуз бил Елтон Џон во мај 1979 година.

Паранојата од студената војна во врска со поп музиката била толкава, што младината од Источна Германија не смеела да се приближи до Берлинскиот ѕид кога во 1988 година Мајкл Џексон имал концерт пред Бранденбуршката порта, на западната страна од ѕидот.

Извор: klix.ba

ОкоБоли главаВицФото