Рускиот костец со Западот е географски, а не идеолошки (3)

16.03.2018 14:03
Рускиот костец со Западот е географски, а не идеолошки (3)

Продолжува од вториот дел.
прв дел

За да ги осигура Русите дека НАТО не е закана, администрацијата на Клинтон си земале здраво за готово дека руските интереси, по ерата на гласност и перестројка, нема да се судрат со интересите на НАТО. Но ова мислење претпостави дека Студената војна била идеолошка, а не географска. На Халфорд Мекиндер, таткото на геополитиката, мислењево би му било смешно. Мекиндер, кој умрел во 1947, годината кога биле отпочнати Труманската доктрина и Маршаловиот план, им го привлече вниманието на политичарите кон стратешката средишност на огромното „Срце“ на Евроазија, доминирано од Русија. „Тој што владее со Источна Европа,“ славно изјавува во 1919, „владее со Срцето; тој што владее со Срцето го држи Островот на светот; Тој што го држи Светскиот остров го држи светот“. Идеите на Мекиндер, а не на Маркс, најдобро ја објаснуваат Студената војна.

Руските вечни стравови од инвазија ја воделе надворешната политика тогаш и ја водат сега. „Темелот на невротичниот поглед на Кремљ врз светската политика е традиционално и инстинктинвно руско чувство на несигурност,“ напишал во неговата прочуена Долга телеграма од 1946. Поради својата огромност, распростанета популација, и огормни пречки во транспорт, Русија била природно наклонета кон расцеп. Надвор од државата, Русија била „земја која никогаш немала пријателски сосед“. Главната карактеристика е дефинитивно нејзината неодбранливост. Ни планински масиви ни водни тела не ја штитат западната граница. Со векови, трпела постојани инвазии. Таквата местоположба и историја ја охрабрувала појавата на строго централизирани и автократски водства опседнати со внатрешна и надворешна безбедност. Комунистите биле само една варијанта на вакво водство, особено за добата во која се појавиле.

Западните граници на земјата отсекогаш биле особено ранливи. Европската земја западно од руските граници ја сочинува голем полуостров опколен од Балтичкото и Северното Море на север, Атлантскиот Океан на запад и Црно Море на југ. Русија, во споредба, има малку излези кон море. Северниот Леден Океан е далеку од центрите на популација. Неколкуте пристаништа на земјата се во голем дел неактивни во зима. Турските води на југ, како и нордиските води на север, може лесно да се блокираат. За време на Студената војна, норвешките, британските и исландските воздушни бази исто така го спречуваа рускиот пристап кон морето.

Но ваквите проблеми не останале во 20-ти век. Во втората половина од 19-ти век, Русија била скротена од Франција и Британија – на Балканот, Блискиот Исток, Индија и Кина, долго пред Кенан да го популаризира поимот „задржување“. Бидејќи одбранбените опции биле ограничени, воената доктрина на Русија историски е офанзивна. Се стремела да владее врз соседите за да ги заштити границите од злоупотреба од други сили. Додека Западот го смета рускиот страв од инвазија за неоснован, историјата им покажувала на руските лидери дека странските намери се обично скриени или флуидни. Секоја доба носи нова закана по опстанок; секогаш ќе има друг Наполеон или Хитлер. По II светска војна, заканата била, од гледна точка на Кремљ, капиталистичка опсада под водство на Вашингтон и Западногерманската марионета. Вклучувањето на Украина и Белорусија (1922) и балтичките земји (1940) во Советскиот сојуз, и создавањето на земји-бафери по-на-исток, ја зајакнале безбедноста на Русија, одземајќи од западната. Во 1949, поделбата на контрола врз Германија создала стабилен еквилибриум, кој преживеа 4 децении. Сепак, откако Москва изгубила контрола врз Берлин во 1989, рускиот одбранбен фронт се распаѓа, и се повлекува до граници поисточно од кај што се наоѓале во 18 век.

Во обраќањето до нацијата во 2005, рускиот Претседател Владимир Путин, поранешниот офицер на КГБ кој бил во предните редови на тајните дејствија на Москва против НАТО во 1980-те, го опиша падот на Советскиот Сојуз како „најголема геополитичка катастрофа“ на 20-от век. Долго време од неговиот долг мандат како претседател пробува да ги врати деловите на економскиот простор и безбедносниот фронт на Советскиот Сојуз во костец со проширувањето на НАТО и Европската унија – и да ги спречи поранешните составни делови на Советската империја да ги подриваат интересите на денешна Русија.

Додека за воените конфликти во Молдавија, Грузија и Украина се обвинети агресивните дејствувања на Кремљ за да ги востановат елементите на Советската империја, треба да се забележи дека Русија нема анексирано ниеден од отцепените региони – со исклучок на Крим, која е дом на руската морнарица на Црното Море. Причината не е само одбегнување на вина, туку и фактот дека анексијата на про-руски територии би ги зајакнале про-западните сили во останатите делови на секоја земја. Анексијата не би била во полза на главната цел на Русија, односно да се зачуваат земјите надвор од досег на западните институции кои се сметаат за закана кон руските интереси. Постоењето на замрзнати конфликти во три нации успешно ги спречува да се придружат на НАТО. Алијансата отсекогаш одбивала земји-кандидати со нерешени гранични спорови, конфликти во внатрешноста на територијата и недоволен воен капацитет за да обезбедат солидна национална одбрана.


руски војници пред украинска воена база во Крим

Во случај на Грузија и Украина, тајмингот на руските интервенции се совпаѓа со исполнувањата на суштински одредници на патот кон членство во НАТО. Комбинираните сепаратистички територии, под ефективна контрола на Русија, сега формираат значаен заштитен лак долж руската западна и југозападна граница. Исто како што Сталин ја зајакнал заштитната зона како одговор на Маршаловиот план, за кој очекувал дека Вашингтон ќе го попрати со воена сила, Путин ја зајакна руската заштитна зона како одговор на проширувањето на НАТО.

Гледиштата на путин можеби најдобро се опфатени во еден приватен разговор кој го имал со поранешниот израелски лидер Шимон Перес, скоро до неговата смрт, во 2016. „Зошто им треба на Американците НАТО?“ Перес се сеќава како бил прашан. „Со која армија сакаат да се борат? Мислат не сум знаел дека Крим е руски, и дека Хрушчов им го подарил на Украина? Гајле ми беше, до тогаш ви требаа Украинците во НАТО. Зошто? Не ги допрев.“

Ова не се зборови на идеолог. Ниту пак се одраз на исклучиво немилосрден руски лидер. Сепак, Горбачов, кој не го сака Путин, исто така го поддржа анексирањето на Крим, како и руските воени дејствија во Грузија. Западот, пишува во мемоарите, бил „слеп кон видот на реакции поттикнати од проширувањето на НАТО“ во Русија.

Западните лидери не мораат да се сочувствуваат со Русија, но ако сакаат да донесат ефективни надворешни политики, мора да ја разберат. Комунизмот можеби исчезна од Европа, но географијатана регионот не е сменета. Русија е, како што секогаш била, преголема и премоќна за да се вклучи во западните институции без суштински да ги смени, а преранлива е во однос на опкружување од Западот за да ја прифати сопствената исклученост.

Маршаловиот план, кој ја зацементирал Студената војна, се памети како едно од големите достигнувања на надворешната политика на САД не само зашто бил визионерски, туку зашто функционирал. Функционирал зашто Соединетите држави ја прифатиле реалноста на руска сфера на влијание низ која не може да пробие без да жртвува кредибилитет и поддршката на јавноста.

Големи чинови на државништво се темелат врз реализам колку и врз идеализам. Оваа лекција Америка мора повторно да ја научи.


извор: foreignpolicy.com

 

ОкоБоли главаВицФото