Седи мадро да не носиш етикета

19.10.2009 12:06
8.JPG

Не знам за вас, ама јас уживам во секоја нова колумна на Влатко Ѓорчев. Секој пат се справува со горливи прашања, скокотливи и табу теми и од сопствена перспектива нуди начин на гледање на нештата. На пример, во средата, на пресот, Оли Рен јасно кажа дека Европската комисија дала препорака за почнување на преговори и многу јасно се сеќавам како човекот кажа дека „Поранешна југословенска република Македонија“ постигнала голем напредок, а властите во Скопје препоракава треба да ја сфатат како стимул за што поскоро решавање на прашањето за името со Грција. Влатко го отфрла почетокот, почнува од Македонија и завршува со напредок, за веднаш потоа да каже дека секој што има нешто против препораката е „катастрофичар“. Ме потсеќа на времето кога како деца сакавме да ставиме крај на муабет со „точка, извичник, ако кажеш нешто не го сакаш Тито, стоп!“

Очигледно е дека имаме поинаков начин на гледање на работите. На пример, тој тврди дека не живееме во авторитарна држава, дека не сме изолирани, дека позитивните работи за Македонија во ЕУ годинава сите се случиле во среда – што, „астрално“ (ваљда мислел астролошки?) значело дека „во денот кога владее Меркур, ЕУ-ѕвездите се поволни за нас“ и, можеби најважно од сè, дека секој што не гледа на нештата како него е „катастрофичар“. Јас не сакам да му го одземам правото да гледа на нештата онака како што му е волја, негово си е. Исто како што не сакам да му го одземам правото да го каже што сака да го каже. Дури не му ни лепам етикети. Оптимизмот знае да биде здрава работа.

Бидејќи со неговата „Бушовска“ стратегија на „превентивен напад“ не смеам да кажам ништо против препораката на Оли Рен (а веќе посочив на селективната перцепција на власта), може да го искористам овој простор за објаснување на авторитарната држава. Википедија пренесува една дефиниција за авторитарно владеење: „Структури на високо концентрирана и централизирана моќ, во кои политичката моќ се генерира и одржува од репресивен систем што ги исклучува потенцијалните противкандидати и користи политички партии и масовни организации за мобилизирање на народот околу целите на владата.“ Една од битните одлики е и ослабувањето на граѓанското општество, претежно благодарение на „напорите да се наметне контрола врз речиси секој елемент на општеството.“

Ајде да направиме еден краток, нехронолошки преглед на законите и случувањата само во последниве неколку години. Нема продавање алкохол во продавници по 19 часот – власта директно ми се меша во мојот избор кога да купувам алкохол. Нема пиење алкохол на јавни места – директно мешање во мојот избор на место за конзумирање на купениот алкохол, без оглед на тоа во колку часот е купен. Забранет е секс на јавно место – мешање во мојот избор каде ќе имам секс; што ако немам каде освен во кола? дали ќе се смета за „секс на јавно место“ ако прозорците се затемнети и ништо не може да се види во колата? Стимулација за правење повеќе деца – мешање во нашите животи и животите на децата што би ги изродиле. Рации и приведување на пијани луѓе – подиректно мешање од тоа, здравје; на кого му смета или му предизвикува штета тоа што јас пијан правам муабет со моите пријатели во парк? Тепање на луѓе со поинакво мислење од „официјално одобреното“ - газење на слободата на говор (а и на луѓето со поинакво мислење).

Дали има во Македонија некој аспект од општеството, некој дел од нашето живеење што не е партизиран? Од назначувањето наставници и професори по образовните институции, преку студенските организации, преку вработувањето, па сè до купувањето на гробно место ние дишеме „партиска политика“. И секој што не се согласува со Нас е ________________ (пополнете го празното место со актуелната омилена негативна етикета на која и да е актуелна власт). Единственото нешто што се сменило од периодот по Втората светска војна е што денес не ги стреламе неистомислениците.

Професорот Теодор Вестал, на кого што се повикува текстот на Википедија, смета дека авторитарната власт секогаш ќе (се рас)падне бидејќи не е способна да се приспособи на промените или да им удоволи на сè поголемите барања на населението или дури и групи во државата. Односно, затоа што легитимитетот на власта е заснован врз глумење, авторитарните држави што не се способни да се адаптираат пропаѓаат. Не ве потсеќа ова на СФРЈ?

Имајќи ја предвид селективната перцепција на македонските партии што им овозможува да го читаат само позитивното, избегнувам да ги фалам за позитивните работи што тие ги направиле. Ќе се фатат за позитивното и ќе се тапшаат по рамо и ќе викаат „Ете, зар не ви збориме веќе 18 години дека нè бива?“ И се надевам дека ваквата „катастрофичарска“ критика ќе послужи како стимул за, конечно, ставање прст на глава и размислување.


Слики: Rejmond Petibon

Оф леле...кој аматеризам.

Оф леле...кој аматеризам. Антиќу, стварно ли сакаш да бидеш третиран сериозно на овој неверојатен микс на висока политика, ЕУ и клецање по паркови? Уствари, како не ти е срам да признаеш дека си неспособен млад човек да живееш надвор од родителскиот дом или пак да платиш соба.(за да може да клецнеш, ти текиња?)

Трајко, ама му се караш да си

Трајко, ама му се караш да си ебеш век, ко пола фамилија, пред очи, да ти има измасакрирано. Напишал - напишал, у реду е - диши! =)))))

 I ja uzivam vo kolumnite na

 I ja uzivam vo kolumnite na Vlatche :)) Mu ja zaeba teorijata na Bukarski od denesnata kolumna : On je odavno  poletio covece :))
P.S: U vezi etiketive :Trajce Drvarceto so ime komunjarsko si odbral tra la lala la :)))

Па Теодор Корпс тоа е

Па Теодор Корпс тоа е поентата со името. Иронија си чул?
А иначе текстов може да го поздравам само од аспект на тоа дека е пишуван од млад човек па ете браво за трудот иначе е без врска и без смисла.

Toa so ironijata si e ok! Got

Toa so ironijata si e ok! Got it! A toa sto go pozdravjljash samo deka e napisan od mlad coek,se vika kurtoazija(prekjuten pezorativ!),ali kao konzervativec ne go koristish kurtoazija da ne neso ovaj neli :))
Textot si e u "Vlatkov stil " slobodno uzivav i u ovoj kao i u Vlatkovite kolumni,kaj i da pocnes-na pocetok si :) A narativot ide negde odprilike: "...preku crvenite ohridski cheresni,preku nekoj komita sve do Brisel i Nato..."  ukratkom :) Regards (bez ironija : ) 

Не сум мераклија на Окно,

Не сум мераклија на Окно, токму поради вакви чамче-муабет текстови. Овој го прочитав по препорака, за да го видам коментарот на мојот „имењак“. Хм, на авторов требало некој да му забрани да води љубов на јавен простор, да му ограничи конзумирање алкохол и сл. за „длабоко“ да проѕре и да ги извлече „најсуштествените“ неправди. Се надевам оние луѓе што се вистински паметни ќе престанат да им обрнуваат внимание на ваквите, кои, ако нема лошотија по светов ќе немаат смисла за живот.
За состојбата во општествово и во светов одговорен е секој од нас. Само  да потсетам - „мирот“, топлиот дом/кафуле и личниот успех некако тешко ни се запоставуваат за да го повратиме легитимитетот што моќниците го уживаат во нашата пасивност.
Трајче

Боки, фурај и ич пачуранка да

Боки, фурај и ич пачуранка да не ти чуе. Ама, прво, пред да почнеш да фрлаш со ветер и магла по све што мислиш дека ти се мота пред тебе на патот, разврти се убаво и погледни за кого пишуваш. Уствари, сите вие од Окно - македонска хипер-интелектуална младино. Ве мотаат како сакаат... на каде сакаат. :)
Да, бе, Мрак, и ја сум од ВМРО. Браво. :)

ОкоБоли главаВицФото