Архитектурата и филмот

10.05.2013 13:45
Архитектурата и филмот

Напишани се многубројни дела за историјата на архитектурата, а снимени се и многу различни филмови за архитектурата. Меѓутоа во популарната култура архитектурата постои и како нем лик во филмовите. Oдносот помеѓу филмот и архитектурата, истражуван преку анализата на архитектонските макети во филмовите е новото подрачје на интерес на архитектот Габу Хејндл и филмскиот теоретичар Дрехли Робник. Медиумот кој го одбрале за оваа своја историја на архитектонските макети во филмот е токму самиот филм. Така настанал заедничкиот проект „Макети во крупен план“ (Mock-Ups in Close-Up). Во овој филм за време од два часа во хронолошки редослед (почнувајќи од 1919 па сè до 2012 година) се прикажани филмски исечоци од над 160 филмови кои ги претставуваат различните архитектонските модели во крупен план.

Испишувајќи ја историјата на архитектурата низ филмот, авторите не се ограничиле само на филмовите за архитектура. Без разлика дали во центарот на кадарот или на неговите рабови, макетите се појавуваат во романтичните драми, трилерите, комедиите и во научно-фантастичните филмови, покривајќи ги авторските филмови, но и блокбастерите. Помеѓу исечоците можат да се препознаат кадри од „Стомакот на архитектот“ на Питер Гринавеј, „Сјаење“ на Стенли Кјубрик, „Еден убав ден“ на Мајкл Хофман, „Метрополис“ на Фриц Ланг, како и од многу други познати и помалку познати филмови.

Редењето на исечоците резултира со губење на наративноста во која макетите се појавуваат во оригиналните филмски дела. Во оваа екстремна верзија макетите стануваат главните протагонисти во филмовите, а приказната која ја раскажуваат произлегува од случајноста која ги вовела во филмот.

Извор: pogledaj.to