1017 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Пон, 07.10.2024 06:59
Откако папата Франциск имплицираше дека дури и атеистите можат да стигнат во рајот ако се добри луѓе, се огласи и официјален Ватикан, кому ваквиот став, по сè изгледа, не му се допадна.
Ватикан, како што пишува Examiner, се спротивстави на мирољубивиот и алтруистички став на новиот папа и објасни дека луѓето кои знаат како функционираат работите во католичката црква знаат дека „не можат да бидат спасени“ доколку одбиваат да ѝ припаѓаат. Ова појаснување го даде портпаролот на Ватикан, Томас Росика. Со други зборови, атеистите одат во пеколот доколку не го прифатат Исус.
Росика исто така изјави дека папата Франциск „немал намера да предизвика теолошка дебата за природата на спасението“.
Сè започна откако папата за време на утринската миса во среда на 22 мај изјави дека и атеистите можат да уживаат во плодовите на вечното спасение ако за време на животот прават добро, што е став кој во голема мера се разликува од ставот на неговиот претходник Бенедикт XVI.
Извор: www.examiner.com