1016 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Пет, 12.06.2026 02:59

Трамвајските шини во многу европски градови се покриени со трева, еден обичај што најверојатно започнал да се практикува во 1980-те години, со цел да се зголемат зелените површини во урбаните простори, како и во истото време да се обезбеди соодветна животна средина за многубројните инсекти и безрбетници. Овие зелени површини носат многу придобивки за кој било урбан простор – тие ги намалуваат топлотните ефекти, обезбедуваат пропустлива површина во која може да се инфилтрира дождовната вода, ја намалуваат стапката на загадување и ја апсорбираат вревата која се создава при триењето на металните тркала на трамваите врз металните шини. Во исто време, изгледаат и неверојатно добро во споредба со челичните и асфалтните конструкции.
Зелените шини станаа особено популарни во Европа и можат да се видат во речиси секој поголем европски град, од Барселона до Франкфурт, Милано или Стразбур.

.jpg)










Извор: amusingplanet.com