Виена со иницијатива за раззеленување на фасадите

25.07.2013 11:36
Виена со иницијатива за озеленување на фасадите

Добро е познато дека густо изградените станбени населби во текот на летото лесно се загреваат – станува збор за т.н. Urban Heat Island ефект. Решението за овој проблем градот Виена го гледа во раззеленувањето на градските фасади. Од еколошка перспектива, зелените фасади носат големи предности – ги разладуваат внатрешните простори, но и микроклимата во околината на зградата. Раззеленувањето е всушност многу едноставна постапка, а Виена одвојува 2.200 евра во обид да ги поттикне своите граѓани да постават токму вакви фасадни состави. Граѓаните можат да ги упатат своите барања до виенската Служба за грижа за градските градини, а експерите од овие служби им нудат на граѓаните бесплатни советувања.

Еден од првите виенски пилот-проекти на ова поле беше фасадата на централната виенска Служба за собирање на отпадот, која беше направена пред три години. На фасадата со вкупна површина од 850 квардратни метри беа монтирани 2.850 метри на кои беа поставени лимени држачи за билки, а потоа беа посадени 17.000 различни билки.

Истражувањата покажуваат дека ефектот од испарувањето предизвикан од оваа фасада одговара на работата на околу 45 климатизациски уреди со сила од 3.000 вати во период од 8 часа. А во зима, губитокот на топлинската енергија е редуциран за 50%.

Освен тоа, зелените фасади ја привлекуваат и прашината, па на овој начин ја намалуваат нејзината количина во воздухот, а нудат и животен простор за малите птици и инсекти. Една нивна предност е и тоа што го збогатуваат градот со неопходното зеленило и на местата каде што засадувањето дрва не е возможно, а не може да се занемари ни нивната естетска вредност која во архитектонска смисла отвора неограничени можности.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото