Футуристичките сеништа од југословенското минато

23.08.2013 14:13
Футуристичките сеништа од југословенското минато

Спомениците и градбите од социјалистичката епоха се приустни во сите држави од поранешна Југославија, и многу од луѓето кои живеат на овие простори се навикнати на нив како дел од секојдневиот живот. Но како им изгледаат на другите?

Холандскиот фотограф Јан Кемпенерс ги посетил земјите од поранешна Југославија за да ги документира спомениците во серија фотографии. Поголемиот дел од овие споменици се изградени во 1960-те и 1970-те години по наредба на претседателот Јосип Броз Тито, а многу од нив се посветени на жртвите од Втората светска војна и концентрационите логори. За жал, со падот на социјализмот и распаѓањето на Југославија и најголемиот дел од спомениците се заборавени. Фотографиите на Кемпенерс ја прикажуваат нивната очигледна запоставеност, која е во голем контраст со нивната футуристичка естетика.

Фотографот смета дека овие споменици не само што ги загубиле своите посетители, туку и нивното значење и симболизам. „Тие поставуваат серионни прашања во однос на природата на спомениците во уметничката традиција. Што може да претставува споменикот кога веќе не служи за да потсетува на нешто?“

1. Подгариќ, Хрватска



2. Тјентиште, Босна и Херцеговина



3. Кореница, Хрватска



4. Илирска Бистрица, Словенија



5. Сански Мост, Босна и Херцеговина



6. Крушево, Македонија



7. Космај, Србија



8. Никшиќ, Црна Гора



9. Ниш, Србија



10. Митровица, Косово



11. Козара, Босна и Херцеговина

Извор: jankempenaers.info

ОкоБоли главаВицФото