Животот во последната година од Сталиновото владеење

31.08.2013 10:23
Животот во последната година од Сталиновото владеење

Фотографиите на магазинот Soviet Union се објавени ширум Европа и Северна и Јужна Америка, со цел да предизвикаат симпатии за советските комунистички идеали. На нив е прикажан животот во последната година од владеењето на Сталин.

Овие фотографии се еден од најдобрите примери за користење на фотомонтажа во пропагандни цели во XX век.

Магазинот е објавуван на руски, француски, англиски, германски, а од 1938 година и на шпански јазик. Тој ги известува читателите за хиперизградбата во Советскиот сојуз, прикажувајќи го издигнувањето на неговата индустриска моќ.

Фокусирајќи се на посебни теми или иницијативи во секое издание, уметниците кои работеле за магазинот правеле херојски напори за да ја прикажат технолошки заостанатата земја како развиена и продуктивна светска сила.

Првите бореви се фокусирале на големите државни проекти, посебно оние поврзани со индустријализацијата. Темите набрзо се прошириле, па подоцна во фокус се нашле различните етнички републики и области, градежните проекти, патиштата, како и темите од секојдневниот живот како децата, уметноста и спортот.

Меѓутоа, стварноста зад железната завеса во Советскиот сојуз била многу поинаква од онаа каква што пропагандистите ја прикажувале.

Се смета дека Сталин е одговорен за смртта на повеќе од 20 милиони луѓе во своите чистки и работни логори. Околу 14,5 буквално умреле од глад, а 9,5 милиони ладнокрвно се убиени поради противењето на политиките на Сталин.

Извор: www.dailymail.co.uk

ОкоБоли главаВицФото