Топ 10 филмови според Марина Абрамовиќ

05.09.2013 07:08
Топ 10 филмови според Марина Абрамовиќ

Уметницата Марина Абрамовиќ објави листа на своите десет омилени филмови, а еден од нив во нејзино друштво ќе може да гледа и најдарежливиот обожавател. Имено, уште неколку дена трае кампањата на Марина Абрамовиќ со која уметницата преку платформата Кикстартер се обидува да собере 600.000 долари за покренување интердисциплинарен перформанс центар под името Институт Марина Абрамовиќ.

Во досегашната понуда која вклучува и прегратка од уметницата, за сите кои донираат за кампањата повеќе од еден долар, таа вклучи и филмска вечер. Абрамовиќ објави листа на нејзините десет омилени филмови и филмска вечер која им ја нуди на оние кои се подготвени да ја поддржат со износ од 5.000 долари.

Десет поддржувачи на акцијата ќе уживаат во филмската вечер со уметницата во интимно опкружување во домашното кино во Њујорк. На тој настан, Абрамовиќ ќе понуди можност за избор на еден од нејзините најдраги филмови, а по проекцијата ќе се разговара за филмот со сладолед и кафе.

Подолу може да ја погледнете листата:

1. Бојата на калинките (1968), Сергеј Параџанов

2. Минатата годна во Мариенбад (1961), Ален Рене

3. Андерграунд (1995), Емир Кустурица

4. Теорема (1968), Пјер Паоло Пазолини

5. Авантура (1960), Микеланџело Антониони

6. 8 1/2 (1963), Федерико Фелини

7. Сало или 120 дена на Содома (1975)

8. Меланхолија (2011), Ларс фон Триер

9. Тишина (1963), Ингмар Бергман

10. Син сомот (1986), Дејвид Линч

Извор: radiosarajevo.ba