Зависноста од дроги и ПТСП ќе се лечи со селективно бришење сеќавања?

18.09.2013 09:30
Зависноста од дроги и ПТСП ќе се лечи со селективно бришење сеќавања?

Можете ли да замислите да заборавите одредено непријатно сеќавање така што ќе отидете кај доктор и ќе побарате да го избрише? Иако ова можеби звучи како научна фантастика, резултатите од едно истражување објавено во списанието Biological Psychiatry потврдуваат дека тоа е можно.

Тимот предводен од Кортни Милер од истражувачкиот центар Скрипс на Флорида, успешно ги избришал сеќавањата на дрогата кај глувците и староците, што дава одредена надеж за зависниците или луѓето кои страдаат од посттрауматско стресно пореметување.

Искуствата на поранешните зависници од метамфетамин покажуваат дека тие чувствуваат желба за конзумирање дрога поради асоцијациите. Парите, цигарите, па дури и гумите за џвакање можат да ги вовлечат назад во зависноста од која тешко се ослободиле.

Прилично е тешко да се „произведат“ сеќавања. Мораат да се случат промени во деловите на дендритите - мали структури кои примаат сигнали од другите неврони и во тој процес ја менуваат структурата на нервните ќелии. Актинот е протеин од кој е сочинета структурата на ќелиите и обично учествува во овој процес.

За време на експериментот кај глувците и стаорците, научниците инхибирале полимеризација на актин преку блокирање на „молекуларниот мотор“ под називот миозин II. Тоа го направиле во фазата на формирање на памтењето поврано со амфетаминот.

Предводничката на истражувачкот тим вели дека научниците се возбудени од резултатите, бидејќи нивната манипулација „ја нарушува меморијата долго откако е формирана“.

Тестовите направени по експериментите покажале дека глувците и стаорите „веднаш и засекогаш“ ги губат сите сеќавања поврзани со амфетаминот. Сите останати сеќавања, како што се храната или наградите, останале недопрени. „Во нашиот случај, манипулацијата може да се направи во кое било време и очигледно, да се избришат само сеќавањата поврзани со дрога“.

Овој експеримент дава надеж дека зависниците од дрога и лицата кои страдаат од ПТСП еден ден би можеле да добијат големо олеснување.

Извор: www.sciencedaily.com