1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 14:59
Македонија е потрошена, ја потрошија оние што ја сакаа повеќе од себе. Оние што ја сакаа толку многу што од таа силна љубов ја проголтаа, ја сварија и на крајот ја испосраа! Така што Македонија е тоа говно кое гледа да не случајно од некаде се појави некој европски или друг чадор што би го спасил лајното од страшната дематеријализација под поројните дождови на современата историја!
Си земав слобода да го македонизирам Борис Буден односно неговата оценка за Хрватска не само зашто сум уверен дека врз основа на хрватските исероци, односно на Хрватска како исерок, можеме да извлекуваме сосема квалификувани заклучоци за македонистичките говна на нашите квазинационалисти, односно за Македонија како гомно, туку и зашто мислев дека ќе биде згодно да се каже дека за разлика од хрватското гомно нашето е произведено со идеја да се распадне на првиот посилен дожд: ние не бараме чадор, ние вртиме околу големата европска амбрела и чекаме да (за)врне, врне, врне....!
Во гомнарската агрегатна состојба моторната сила не ни е чадорот, како во Кроејша, туку дождот!
Како успеавме да се изедеме самите себе? Од каде тој апетит!?
Томас Бернхард би рекол дека демонското во нас е секогаш присутната темница на татковината во која елементите на глупоста и безобзирноста се секојдневна нужност. Државата е творба која е трајно осудена на неуспех, народот е творба непрекинато осудена на инфамија и малоумие.
Ние сме апатични. Немаме што да кажеме. Она што го мислиме веќе е мислено, она што го чувствуваме е хаотично, она што сме е нејасно. Не треба да се срамиме зашто ние сме ништо!
Така рекол Бернхард во поздравниот говор по доделувањето на Австриската награда за книжевност во 1967 година, без да има поим дека по педесет години на две илјади километри од Виена ќе се роди ист монструм во минијатурно издание како потврда на неговата политичка филозофија!
Ќе се јави ли некој да каже: море марш у пичку материну, бе, и вие и вашата Македонија и вашиот македонски идентитет, ние сме фирма што бара нови парадигми, нови рамки, нови форми, нови технологии!? Ние сме луѓе што класичниот македонизам и Македонија ги доживуваме како несовладливи хендикепи, ние сметаме дека македонскиот јазик ги бетонира тие хендикепи, а дека кирилицата и православната црква се смрт за идејата на развојот!
Некој што како Мојсеј ќе ги пренесе луѓето преку Црвеното море на примитивизмот!
Оти, тука не станува збор за опстанокот на Македонија (што и да значи тоа) која не може да продуцира нормалност туку за спас на нормалноста која може да продуцира се’, па дури и македонизам!
Ние мораме да излеземе од нашето саморазбирање, од нашата филозофија на македонизмот не зашто тоа го бара Грција во спорот за името или Бугарија во некои минати и идни спорови туку зашто во овој формат самите себе сме си неподносливи робови и невозможни субјекти. Мораме, што би рекол Буден, да ја плукнеме Македонија како јадица на која нè држат локалните рибокрадци!
Ние не смееме Македонија да ја загубиме како резултат на вмровската историска самореализација и победа туку како резултат на нашата самосвест!
Таа веќе се губи како референтна рамка во делот на оние што се иселуваат не само поради социјални туку и поради културно светогледни, да не речам, филозофски причини, потоа во делот на оние кои земаат бугарски пасоши независно од мотивациите, трето во делот на оние на кои им се повраќа од вмровските интерпретации и глупандерски апликации на македонизмот итн.
Во крајна инстанца транзициската победа ја однесе најглупавата од сите глупави идеи, единствената идеја низ која здравата национална супстанца задолжително се претвора во гомно - националната држава!
Непоправливито зло на таа идеја е тоа што го разорува општеството така што го корумпира, го фрагментира, го атомизира и во крајна линија го нихилизира. По етничка, по етичка, по естетичка и по многу други основи: партиски, интелектуални итн.
Тоа е главната основа на општествената десубјективизација и на државната декапацитација. И тоа е главната, реална функција на идејата за националната држава: патриотите да ја спуштаат цената на Македонците и на нивната општествена моќ односно на моќта на нивното општество за да можат да дојдат странски инвестиции. И се’ што тие значат. Тоа е основата на светската поддршка на власта на чипираните идиоти. Нивната ненормалност им е најголемата препорака со тоа што не се за потценување материјалните компензации на македонската деконструкција! Треба да го послушаме Буден и да се обидеме да се ослободиме од илузијата народ и татковина!
Трагедијата на општеството ја заклучува фактот дека опозицијата и интелектуалната елита не се надвор од тој филм туку во филмот ја играат една од главните негативни улоги. Тие функционираат на нивото на пропаста. Тие не можат да победат во Македонија зашто Македонија повеќе не живее тука! Тие тоа не го знаат. И не сакаат да го знаат. Тие ќе одат на избори на кои ќе им го уапсат кандидатот!
Уште кога тргна транзицијата една чета вмровски луфтигази го беше убедила народот дека Југославија била зандана на македонизмот и дека е чукнат часот Македонија да има своја војска и своја фудбалска репрезентација. Да им го начукнам и на македонската војска и на македонската фудбалска репрезентација!
Како беше можно луѓето да се откажат од единственото парче релевантна историја и реална национална културна, образовна, духовна, спортска и секаква друга реализација, вклучувајќи го и секторот на меѓународните односи и афирмации и, на друга страна, секторот на бајковитата економска, социјална и правна сигурност?! Како беше можно транзицијата да не го третира оствареното ниво на индивидуалните и колективни права како основа од која ќе се оди во освојување на новите простори на слободата туку како нешто што треба да се урне до крај за да можеме „да се ослободиме“?! И, по сè, опозицијата не се реферира на тој период туку да трага по некое сонце и по некои лавови. Јебали их лавови!
Да умре човек во мака и од мака!
Слики: Свирачиња
Извор: Слободен печат