Исак Асимов, 1964: неверојатно прецизни предвидувања за 2014

03.01.2014 12:20
Исак Асимов, 1964: неверојатно прецизни предвидувања за 2014

Во 1964 година, го прашале Исак Асимов како тој мисли дека ќе изгледа 2014 година. Неговите предвидувања за она што ќе се случува по неколку децении се неверојатно прецизни.

Возила со „роботизиран мозок“ ќе можат да се програмираат да отидат на одредена дестинација. Тие ќе преминуваат одредено растојание без влијанието на бавните човечки рефлекси. Сигурно и прецизно ќе доаѓаат на дестинацијата, изјавува Асимов во 1964.

Денес, на почетокот на 2014 година, Гугл веќе успеа да направи возило со кое управува софтвер, и на кое може да му се одреди дестинацијата на која ќе отиде без влијание на човекот. На аеродромот Хитроу веќе неколку години постојат мали возила за превоз на патниците на аеродромот, кои поседуваат сопствени сообраќајници каде нема возачи. Во текот на оваа година, сличен систем ќе биде поставен и во дел на Лондон, каде возилата без возачи ќе ги заменат јавниот превоз и такси службите.

Комуникациите ќе бидат аудиовизуелни и ќе може да се види и чуе лицето со кое комуницирате преку телефон. Екранот нема да им користи на луѓето само за да ве повикаат и да ве видат во тек на разговорот, туку и за проучување на документи и фотографии, дури и за читање книги. Сателитите кои ќе лебдат околу планетата ќе направат да биде можно директно да повикате некого на која било точка, вклучувајќи ги и метеоролошките станици на Антарктикот.

Секако, со напредокот на паметните телефони, па дури и порано, видео повиците станаа секојдневие, а благодарение на комуникациските сателити, веќе одамна може да се повикаат метеоролошките станици на најзафрлените делови на планетата.

Роботите нема да бидат толку чести ниту толку добри, но ќе постојат во 2014 година.

Веќе неколку години постои хуманоидниот робот Асимо. Го нема во многу примероци и не е баш најдобар... но постои.

Светот во 2014 година ќе има неколку ритински работи, кои нема да може да ги извршуваат роботи и ќе биде потребна човечка сила. Школувањето на луѓето поради тоа ќе мора да се преориентира и прилагоди. Затоа, сите студенти на универзитетите ќе ги учат основите на компјутерската техноогија, а студентите ќе мораат да ги доведат до совршенство своите способности за користење на компјутерските технологии и компјутерските јазици.

Денес во рамки на образованието, дури и во средните училишта се учат програмските јазици, а посебно на факултетите кои се ориентирани на технологија. Речиси е невозможно да се добие работа без познавање барем на основите за користење на компјутерските технологии.

Човештвото ќе страда од досада, болест која ќе се шири секоја година и ќе биде сѐ потешка. Ова ќе има сериозни ментални, емоционални и социолошки поседици по општеството, и се осмелувам да кажам дека психијатријата ќе биде најважна медицинска специјализација во 2014 година.

Асимов исто така дал уште „претскажувања“ кои ја вклучуваат 3-D технологијата на ТВ уредите, бежичните уреди кои се напојуваат со енергија од батерии, оброците од микробранова печка, кујнските апарати кои можат да се програмираат...

Исак Асимов бил професор по биохемија на уиверзитетот во Бостон и е еден од најпознатите писатели на научна фантастика (напишал повеќе од 500 книги). Ако ги земеме предвид неговите прогнози, слободно може да го наречеме и еден од најпрецизните „пророци“ на XX век.

Извор: radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото