Фотографии од лондонската панк сцена (1976-1977)

03.02.2014 11:19
Фотографии од лондонската панк сцена (1976-1977)

Кон крајот на 1970-тите, во Европа се појавува панк движењето, како еден вид огорченост и отпор кон општеството. Оние кои се идентификуваат како панкери главно се невработени млади луѓе, чијшто нихилистичко-анархистички поглед на светот е резултат на игнорацијата на општеството, кое, се чини, нема ништо да им понуди.

Панкерите беа препознатливи и по својот специфичен стил. Во желбата да направат сѐ што може да го шокира општеството или да ги одвои од него, панкерите го создадоа и својот специфичен имиџ. Тоа што подоцна панк-стилот се претвори во мода и „шминкерство“ е друга приказна.

Двајца млади фотографи, Карен Кнор и Оливие Ришон, во тоа време се наоѓаат во Лондон, жариштето на панк сцената и панк културата. Со своите фотоапарати, тие го регистрираат самото раѓање и подемот на панкот.

Резултатот од нивната работа е објавен во книгата „Punk“ која претставува возбудлив времеплов во времето кога панкот навистина не е мртов.

Подолу може да погледнете дел од фотографиите застапени во книгата.

Извор: www.photomonitor.co.uk

ОкоБоли главаВицФото