За народниот бунт во БиХ

10.02.2014 10:09
За народниот бунт во БиХ

Бесни, уплашени, неорганизирани, лицемерно огорчени на младите луѓе, кои ги одгледа системот за кој со децении гласаме. Ги миеме рацете од „хулиганите“, како сите овие години да не ги сместувавме во училишта чии игралишта се оградени со бодликава жица помеѓу овие и оние, како да не им воведовме национални предмети, како да не им ја раздвоивме историјата, ги затворивме музите, библиотеките и театрите, за одеднаш во неверица да се прашаме кои се и од каков систем на вредности доаѓаат тие млади луѓе?

Со истата таа неверица со која со децении ги гледаме едните исти политичари за кои, во триумфот на надежта над искуството, континуирано гласаме. Денес одеднаш почнавме да се грижиме за државниот имот. По 20 години развратно пустошење, денес решивме да бидеме згрозени над примитивизмот кој самите внимателно го култивиравме. Живееме во запалени хаустори, минуваме покрај претрупани контејнери, обложувалници, разурнати училишта и стадиони, затемнети владини возила - и се прашуваме зошто денес младите луѓе не го читаат Аристотел, мирно стоејќи, сите во костуми и вратоврски пред владата, современо и цивилизирано искажувајќи го своето незадоволство.

Кога ќе сфатиме дека секој од нас лично му врачил по еден клуч од скапоцено службено возило на еден политичар, а потоа по еден камен на младиот „хулиган“, и за тоа да преземеме одговорност, ќе се создаде простор за промена. До тогаш, ќе продолжиме неканализирано да го искажуваме бесот и жалењето.

Извор: www.6yka.com

ОкоБоли главаВицФото