1010 hPa
48 %

16 °C
Скопје - Пон, 17.03.2025 11:13
Десетици демонстранти се уапсени на протестот што се одржа вчера во Москва против воената агресија на Русија во Украина. Дел од демонстрантите се собрале во близина на Министерството за одбрана на Русија, додека други антивоени демонстрации се одржале на плоштадот Манежнаја во близина на Кремљ и Црвениот Плоштад.
Полицијата со кордони и паркирани автобуси го блокирала пристапот до Кремљ и Црвениот Плоштад, а демонстрантите, од кои дел носеле украински национални симболи во знак на солидарност, биле уапсени поради „нарушување на јавниот ред и мир“.
Во меѓувреме, во централниот дел на Москва се одржал и марш за поддршка на руската политика кон Украина, кој поминал без инциденти.
Подолу може да погледнете видео снимка од антивоениот протестен собир во Москва.
Извор: www.voanews.com