Карваните лаат, Идентитетот врви

15.12.2009 11:08
vuna-15-12-2009---3.jpg

Брзиот идентитет слепи ги раѓа. Така и Идентитетот. Во мојот свет дојде одамна, слеп, ко и сите што се раѓаат слепи. Дури по некое време прогледа и успеа сам да застане на нозе.

Некои велат имал педигре, а според други бил обична џукела. Никогаш не открив која од овие варијанти е точна.

***

Немам многу спомени од неговите први денови, но знам дека со тек на време целосно се промени. Да може некој да ме врати во времето и да ми каже дека Идентитетот ќе ми биде каков што ми е денес, нема да му верувам. Освен што израсна во еден тромав, но снажен и стабилен Идентитет, неколку пати го смени "влакното", му се промени изразот и воопшто целата физиономија, му се промени односот кон работите... Едноставно, порасна. Едниствениот аспект во кој што не се промени, е што во ниту еден момент не се оддели од мене. Едно време мислев дека сум негов господар, но веќе и не сум баш сигурен дали не е обратно.

Моето прво официјално сеќавање за него е дека извесно време се плашев од неговата палавост. Но откако го запознав подобро, брзо се зближивме. Почнав да се грижам за него, а и тој да се грижи за мене. Го допирав, го прегрнував, го хранев и тимарев, а за возврат тој беше мојот најдобар пријател. Си игравме заедно, се бркавме наоколу, "тој мене, а јас нему", и набргу Идентитетот стана нераскинлив дел од мојот живот.

Упатените ми кажаа, за да ми биде Идентитетот здрав и прав, морало да се држам до некои правила. Што се однесува до исхраната, од многу "слатки" работи можел да ослепи, а од многу "месо", засмрдувал. Значи, не требало да го хранам со сè и сешто, туку со строго избрани работи. Да сум му помогнел да научи да не јаде сè што ќе најде, за случајно да не внесе нешто затруено во себе. Требало и често да го пуштам од ланец, за да трча на отворено, да освојува нови пространства и да си игра со идентитети слични и различни од него. Не само од неговата раса, туку и од останатите. Не само со големи, туку и со мали. Не само со женски, туку и со машки. Дека за да не лае по различните идентитети, треба да ги запознае подобро. Затоа, требало да имам “осет” кон него за и тој да има “осет” кон светот. Дека требало да се избегне еднонасочна дресура; да сме се учеле взаемно. Препорачливо било да сум бил трпелив и опуштен со него. Демек, тој мојот јазик тешко го разбирал, додека јас сакал-нејќел сум морал да прифатам сè што Идентитетот ми кажува и покажува.

Но тешко е да се биде трпелив со него во секоја ситуација, особено кога, на пример, ќе ми направи белја по дома. Или кога галами навечер и не ме остава да заспијам. Кога неговото "цвикање" или "завивање" ми го одвлекува вниманието од секојдневните активности. Кога се лути за работи кои за многумина се глупости. Кога заради него морам да се расправам со родителите, со соседите и со пријателите. Понекогаш, тој тотално одлепува, дури и агресивно се навртува против мене, та си помислувам дека фатил некое беснило. Знае да ми направи да се чувствувам глупаво, на што цинично си велам: “рани Идентитет за да те лае – а чим лае, не каса”.

Заебан е Идентитетот, тежок карактер. Често пати сум го сетил дека е стутулен некаде, дека е фокусиран во една точка, дека делува индиспонирано и замислено. “Да не е загрозен? Да не е болен? Да не му фали нешто?” - се прашувам. “Пуст да би останал живот Идентитески”, си приспомнувам. Од друга страна, знам дека што е и да му е, ќе му помине лесно и брзо, баш “ко на Идентитет”.

* * *

Деновиве велат, Идентитетот ми бил загрозен. Ќе ми го земеле, ќе го утепале, ќе го оттуѓеле од мене. Ќе ми подметнеле некој друг. Ќе го обезличеле и него, и мене. Ќе го натерале да се врати од каде што дошол, ќе го мачеле додека не "признае" и на крајот ќе го еу-таназирале.

Но, знам дека тоа нема да се случи. Не можат да земат нешто што постои само во мојот свет, каде што тие немаат пристап. Не можат да (оп)фатат нешто што не е Нешто, туку и Ништо, и Сè, за кого-како. Што и да направат, како и да го нарекуваат, колку и да им пречи или да им се допаѓа, јас Идентитетот, сакал или не, секогаш ќе си го носам со себе - тој ќе трчка и пред мене, и ќе каска зад мене, и ќе се врти околу мене; а и јас околу него. Тој е леплив, и неотуѓив, невидлив, а сеприсутен, привремен, а траен до таа мера што веројатно и ќе ме надживее. И нема да живее само во мене, туку и надвор, и не само во непосредната близина, туку и на места каде што јас нема никогаш да стапнам. Затоа, не ми го потценувајте Идентитетот. "Пази Идентитет!" стои на мојата врата, и од внатре, и од надвор...

Впрочем, како што не можат да го изгонат Одразот од огледалото, не можат да ја одлепат Сенката од тротоарите, не можат ни да го земат Идентитетот од Човекот. Затоа, за Идентитетот баш, и не му се секирам.

Цинцарски итромаштини. За

Цинцарски итромаштини. За идентитетот не се секирал Вангели, џанам. Финти. 
Затоа е Вангели, не е Вангеловски или Вангеловиќ или Рон Џемерми или Јосемити Сем.
Од Несекирање, Власите пронаоѓаат начин низ сите векови, без разлика со кого живееле, под чија управа да го негуваат нивниот идентитет.  Може Вангели може да ни објасни тоа “несекирање“, како го  да задржало нивниот јазик од Римско време.

@Керуак: Бар на Македонците

@Керуак: Бар на Македонците немам што да им објаснувам за негување идентитет. Според она што го пишува во историските учебници, тие си го негувале идентитетот и јазикот долго пред здобивањето со државност во 1944 ;)

Карваните лаат, Идентитетот врви

"како што не можат да го изгонат Одразот од огледалото, не можат да ја одлепат Сенката од тротоарите, не можат ни да го земат Идентитетот од Човекот." 
 
 Cheers to that ma fellow !!! :)) greetings !! and best regards 4 the written words!! 

Абе Керуак, како можеш да се

Абе Керуак, како можеш да се надеваш дека некој ќе го почитува твојот идентитет ако кон идентитетот на другите така се однесуваш?
Нема потреба да го напаѓаш другиот, поинаквиот за да бидеш свој. И нема шанси да го одбраниш својот идентитет со тоа што ќе го омаловажуваш туѓиот.

Керуак, бидејќи разбравме, ти

Керуак, бидејќи разбравме, ти се секираш, најпријателски би ти препорачала да почнеш да читаш Круме Кепески и Конески (па дури потоа можеби Керуак-левел) - еден од попријатните начини да се покаже “секирацијата“ е писменоста. Втор е толеранцијата.
Кон текстот на Вуна- ама се разбира.
 

Drag Keruak...nishto ne si

Drag Keruak...nishto ne si razbral...mene taka mi se chini...

Да ви ибам и идентитет и се

Да ви ебам и национализам и анти национализам и идентитет и се, да ви ебам и кучиња и се!
ДАЈТЕ ЛЕБ БЕ! ДАЈТЕ РАБОТА! ПРЕКУ КУР  МИ Е ВИШЕ!

Скроз имате право, Гладен

Скроз имате право, Гладен Македонецу! Уште Емброуз Бирс добро ги прочита политичарите: „што и да зборат, зборат за пари“. Е, па, Гладен, тоа не го копчате, дека зад наци-проектот на Груевски се крие големата пљачка на ионака скудните ресурси на оваа јадна држава. Национализмот и јаката борба против душманската Грција&ЕУ е само димна завеса за операцијата Лева рука-десни џеп. Еве, само во една леарница во Италија искеширани се осум милиони евра за нешто што друг италијански леар вели дека не чини повеќе од два миљона. Да не збориме за сите други покрупни пљачки. Ради тоа се важни муабетиве за кучињава и друго. А вие што сте као само за лебот, јебига, вие сте топовско месо, отсекоаш, и тоа е за жалење, ама, па, од друга страна, баш вас најжестоко ве дриблаат пљашкашиве. Па, кој е за ВМРО? Гладните и неписмените, не?! На кои Грујо им ја шитка бајката за големото национално достоинство...

Коља, кај и да се свртам

Коља, кај и да се свртам пљачка, кај и да видам пљачка! И Грујо и сите други! Тие другите ја испокрадоја фабриката кај што работев!
Во државава политичарите ништо неможат да направат па кој и да е на власт!
Не сакам држава! сакам мирен и топол живот!
ДА ЖИВЕЕ БЕЗ ДРЖАВНОСТА! и така ние пролетерите немаме националност!!!
А гладните гласаа за Грујо затоа што мисле дека тој ќе ги извади од бедата, но излезе бетри другите..
и ако рука на срце свака част човеков слабо се приметува како пљачка има добар осет за кампањи за ОПИУМ ЗА НАРОД! тие претходните не знаеа баш толку пропаганда, и ако и тие не се за фрлање!
И така ќе прегеуем, и така веќе кога нема визи, боље питач у Берлин него таксист у Скопје...

Глад

Блаженни гладните,заштото ке се нахранят!... Нема страшно , брато, мисли позитивно и сичко ке се нареди... 

ОкоБоли главаВицФото