Слободата обвинета за клевета

21.10.2010 11:46
Слободата обвинета за клевета

„Предавниците треба да се ликвидираат. Хомосексуалноста е болест, а хомосексуалците пореметени.“ За овие изјави во Македонија никој не трпи последици и ничија одговорност не е доведена во прашање. Дури и првата да е искажана јавно, а втората да е дел од учебна материја.

Но затоа, пак, критиката на ваквите изјави се санкционира, или, ако ништо друго, се преиспитува како потенцијално кривично дело. Имено, Миленко Неделковски го тужи Жарко Трајаноски за клевета, затоа што Трајаноски со оквалификувањето на повикот за ликвидација како говор на омраза и заплашување, и со нарекувањето шарлатан (по дефиниција шарлатан е човек кој се занимава со нешто за кое нема доволно познавања) наводно го навредил и му го нарушил угледот. Отштетата што се бара е 50 илјади евра, или преку 160 просечни македонски плати. Понатаму, трите авторки на учебникот по педагогија во кои се изнесени факти кои не се во склад со стандардите на Светската здравствена организација и кои ги квалификуваат лицата со поинаква сексуална ориентација „пореметени“, ја тужат Ирена Цветковиќ - Фемгерила, исто така, за клевета, за помала сума, „само“ 30 илјади евра. Што стана со академската пракса на преписка и аргументиран одговор, останува енигма.

Жарко Трајаноски и Ирена Цветковиќ на македонската јавност и’ се познати пред сè како активисти за човекови права, борци за еднаквост и жестоки критичари на одредени владини политики (како и во времето на поранешната влада, така и во времето на оваа). Двајцата се високо образовани, магистри по човекови права и родови студии, соодветно. Двајцата се јавни личности без опашки и долгови, зашто пробивот на јавната сцена го започнаа преку личните блогови, без каква било институционална поддршка и без никаков хонорар или плата за своите ангажмани. Во нивниот случај, тие се жртви само поради своето сопствено јавно делување (кое, патем, е совесно, одговорно и исправно!). Жарко Трајаноски е тужен затоа што ги критикува повикувачот и повикот за физичка ликвидација; Ирена Цветковиќ е тужена затоа што критикува автори кои имаат целосно анахрон и дискриминарачки пристап во пишувањето на учебник (учебникот е пишуван петнаесетина години по исфрлувањето на хомосесуалноста од листата на болести од страна на Светската здравствена организација). Во тоа нема ништо „навредливо“, „клеветничко“, ниту контроверзно; всушност, како експерти и практичари во полето на човекови права и родови студии тоа е и нивна професионална должност и одговорност.

Она што е скандалозно во овој случај е самото постоење на тужбите против Трајаноски и Цветковиќ. Иако се работи за приватни тужби, сепак, постои огромна причина за загриженост, зашто на македонските судии треба допрва да им се докажува дека критиката на повик(увачот) на ликвидација, односно критиката на учебник кој изнесува дискриминирачки и невистинити содржини не е клевета. Дека македонските судии ги процесирале поднесените предмети и допрва треба да одлучуваат по нив. Дека за нив доволно е повикувачот на ликвидација, односно авторките на неадекватниот учебник, да се пожалат на критиката добиена од експерти во соодведните области. Иако постапките се на самиот почеток, страшно е што тие воопшто се отпочнати врз такви основи.

Впрочем, на македонските судови и не им е туѓа праксата да осудуваат критичари на режимските луѓе под обвинение за клевета. Не толку одамна, Никола Гелевски, еден од најактивните публицисти во Македонија, беше тужен од страна на Драган Павловиќ - Латас затоа што го нарушил неговиот углед и го наклеветил дека ширел говор на омраза. Гелевски за тоа беше осуден. Имајќи го ова предвид, не е толку неверојатно да се замисли и сличен исход во овие два случаи.

Ситуацијава нè води кон два можни заклучоци. Едниот е дека нешто не чини со регулацијата на „вербалните деликти“. Ако може критиката на повик за ликвидација или критиката на неточен и дискриминирачки учебен материјал да биде вербален деликт, тогаш многу лесно вербален деликт може да биде и самиов текст, или било кој текст кој споменува било какво име. Вториот заклучок е дека серијата тужби за вербален деликт против неколкумина од најгласните критичари и многу важни личности за цивилното општество, можеби и не се случајни и дека се работи за систематски притисок за замолчување на оние кои се гласни во јавната дебата.

И во едниот и во другиот случај не губат само обвинетите (Гелевски веќе е осуден), туку целото општество. Одеднаш, учествувањето во јавната делиберација станува ризична и опасна работа, особено ако решите да ја критикувате постојната состојба. Вашиот изречен збор, дури и да е мотивиран од најхуманистички идеали и да е за најхумани цели, како што е во триве случаи, станува (потенцијален) вербален деликт. Во превод - не смее да се критикува никој и ништо затоа што критиката станува играње со оган.

Ваквиот тренд мора итно да сопре. Должност е на секој граѓанин, без оглед на каква било припадност и убедување (па дури и партиско-политичко) да реагира по овој повод. За слободата на изразување се работи. На крајот на денот, тоа е и вашата лична слобода. Вашата слобода да го критикувате оној со кој не се согласувате – тоа е основата на делиберативниот процес, основата на јавната дебата и вредност околу која е втемелен денешниот политички поредок. Да се надеваме дека грешката да се процесираат тужбите против Цветковиќ и Трајаноски ќе биде исправена преку најбрзо и најитно отфрлање и ослободување на неправедно обвинетите протагонисти на отпорот.

На крајот, би сакал да ја изразам личната поддршка за Трајаноски и Цветковиќ (во случајот на Гелевски веќе ништо не може да се направи). На следниов линк е кампањата за солидарност со нив (www.0.mk/zarko), на која може да се приклучи секој. Да биде ситуацијата уште посимптоматична, покрај кривичните, во исто време Трајаноски и Цветковиќ се „добитници“ и на прекршочни пријави од страна на државата, затоа што испишувале политички ставови во форма графити на тогаш нелегално поставените тараби на плоштадот „Македонија“. Тарабите поставени без дозвола не беа „јавен објект“; а фактот што двајцата активисти се издвоени од поголема група луѓе дава основано сомнение дека се работи за нееднаков третман како последица на дискриминација. Да не беше страшно, ќе беше тажно. Затоа, обврска за секој оној кој барем малку ја вреднува слободата на изразување треба да ги поддржи двајцата активисти.

 И треба да ве тужат, и треба

 И треба да ве тужат, и треба да ве прогласат за виновни и треба да ве казнат. 
Наместо да си ги промовираат своите ставови и идеологии се занимавате со негативизам, дискредитација, невкусни, вулгарни и ниски споредби, ад хоминем аргументи и лични напади ви се како добро утро.
И запамтете промовирајте свои ставови бидете позитивни, само така ќе успеете.
Сега за сега сте уште мали и недозреани со неразвиено ниво на комуникација и вербална култура. До грешки се учи но, само ако не се повторуваат.
 

 Малце скапа школарината. :)

 Малце скапа школарината. :)

 БТВ, клеветење е стара

 БТВ, клеветење е стара македонска традиција.
Попатриотски, здравје...
Ве тужат за патриотски чувства? :D
Ама изгледа етикетиве „патриота“ и „предавник“ се ставени на оној рингишпилот каков што го вртат кај Џамбазов у емисија, па што ти се падне...

Не е лошо и Маријановиќ да се

Не е лошо и Маријановиќ да се консултира на оваа тема. Не знам дали знаете ама и тој беше кривично гонет за „вербален деликт“ во бившиот ама сличен систем. Прочитате ја неговата сотија „Научен труд“ па ќе ви стане јасно. Плус тој е најдобриот кривичар во држава и мислам дека ќе сака да ви помогне.

Да, он и прв се залагаше за

Да, он и прв се залагаше за укинување на „вербалниот деликт“ уште во СФРЈ.

Тапа е тој закон. Секој треба

Тапа е тој закон. Секој треба да има право слободно да си каже што сака (и право да сноси и последици од тоа, но не од репресивен закон), дури и Миленко со „говорот на омраза“.
 
Цензурирањето на било која мисла, имплицира дека цензорот или тој што повикува на цензура мисли дека публиката на која и' е наменета нема капацитет за расудување и сопствена одлука. 
 
Не ми се допаѓа ни константното еуфемизирање на „политички коректните“ проевропејци. 
 
Најдете среден, културен, но и експресивен пат.

Еее драги луѓе гледате ли

Еее драги луѓе гледате ли колку боли силеџиство и насилство од помоќниот и истовремено неправда? Сфаќате ли сега како му е на македонскиот народ (веројатно знаете правопис дека придавките од Македонија и Македонци се пишуваат со мала буква)? Како им е на Македонците кои ништо не сториле (тоа е вистина дечко, иако ти велеше летово дека тоа било наш националистички испад, демек сме мислеле дека сме жртва, а сме, како што сега токму за тебе се Жарко и Ирена ). Гледате ли сега како ни е при ова што го прави Грција, а некој тука цело време (не)свесно ја поддржува и се залага за работа што ќе ги задоволи нејзините ненормални нацистички барања? Затоа ве повикувам сите да се бориме за слобода и за правдина (кога сега сите знаеме како е), а со тоа и за неменување на името Македонија. Не бараме одмазда за Грција, не бараме да им се наштети, простуваме но не сакаме да се заборави на страданијата  (убивани и горени деца, жени, луѓе, ѕверски мачени) за мир и подобро утре и на македонскиот и на грчкиот и на сите народи на светот. Немојте понатаму, (не)свесно да ја поддржувате неправдата, само зашто пратите мода, ви е интересно да сте бунтовници или ве нервирала некоја партија. Стоп за неправдите!

Gledaj be samo kako fino si

Gledaj be samo kako fino si go vrtat vo svoja polza. Abe shkola na Milenko e ova - koj preska vo emisija istata taktika briljantno ja iskoristi. So debili koi glumat zrtvi i patrioti nema razum lugje.Stap samo. kako toj se cuvstvuval od Grcija bre.KRETEN.

Стап само за тебе идиот еден

Стап само за тебе идиот еден дебилен. Стап по газ, па во газ, па во уста само за тебе морону еден недоделкан. Се читаш ли што си напишал мутант еден, со твојов коментар само му наштети на Жарко или пак го откри дека и тој како нас, „глуми“ жртва од Миленко, ама сепак е крив (нели ние сме криви, твојата кутра Грција страда од нас). Ајде еве кажи мутант еден. Тука на сајтов Жарко се претставува како жртва на Миленко и режимот.Жртва е според тебе или глуми жртва и патриот ко вчера кога носеше маица со македонско знаме, за да добие поени, а всушност е виновен? Самиот се фати во глупоста, глуп си ко тарабука.

Ima dosta nedoslednosti vo

Ima dosta nedoslednosti vo muabetov na Македонци од Автокомандаno principielno mora da se podrzi pomiruvackoto. Dijalogot kako realizacija na razlicnosti treba da vodi kon soglasnosti (kolkus e tolku se) a ne kon konflikt. .

 Од каде му докази на

 Од каде му докази на господинот Жарко Трајановски дека Миленко е шарлатан? И не го подржувам Жарко зашто слободата на говор не подразбира навреди и рушење на човековото достоинство. Па вие како активисти за човекови права треба тоа најдобро да го знаете. Да немавте слобода на говор немаше каде да ги изнесете вашите ставови. Се однесувате како да дејствувате во илегала, како некој постојано да ве следи, да не ви дава можност да се искажете, како вашите текстови да ги читаат луѓето само затоа што вие после полноќ  ги оставате пред влезовите. Какво спинување е тоа. И премногу нервоза покажувате во вашите настапи со секој кој не се согласува со вас. 

 Не е проблем содржината

 Не е проблем содржината проблем е начинот. Премногу емоции а, премалку култура. 

Проблем е, ама децава се

Проблем е, ама децава се израснати на блог. :) Што на ум то на друм, без концепт за амбивалетност и шоу програм.
Но нивната жустрост не треба да се казнува, туку креативно да се обликува.

види на wikipedia што значи

види на wikipedia што значи charlatan
едно од основните значења на "шарлатан" е човек кој се преставува како нешто што не е (спортски новинар се претставува ко општественик и сл.) и човек кој се повикува на псевдонаука (на пример викањето обскурни ликови да зборат против еволуција у емисија е шарлатанство; исто како и дискусиите за патриотизам без нејасен концепт)

 Македонци од автокоманда, да

 Македонци од автокоманда, да не ти мутира тебе тоа мозочето па нешто не ти е јасно или прегризана ти е лентата. Кое е ?Тешко дате свати човек што сакаш да кажеш. Коментарот му наштети на Жарко... Пред неписмени секаков коментар ќе му наштети на Жарко,  твојот коментар е најдобриот доказ за тоа.

Па очигледно брилијантниот

Па очигледно брилијантниот коментар на жестокиот момак горе спротивен на положбата на Жарко. Самиот тој мутант не нападна нас, демек сме глумеле жртви и патриоти (а вистина е дека Грција без никаква особена разумна причина, своеволно со векови не мрази) и демек тоа било тактиката, со која сме ја вртеле работата во своја полза, зашто најверојатно според него ние Македонците сме виновни и криви, а со тоа се вадиме. Истовремено Жарко е напданат и тужен од Миленко и тој бара поддршка и текстов на дечково Вуна е во прилог на тоа дека неосновано е погазена слободата (исто како што неосновано Грција ја гази слободата ние да постоиме како Македонија). И да додадам, вчера го гледавме разговорот на Миленко невоспитаниот и Жарко патриотот во маица со македонско знаме (глуми патриот, така? - сто посто анонимниот дечко од горе да види некој во град со таква мајца ќе го нарече лажен патриот). Епа сега се он што кажа во напад на нас, му оди спротивно на Жарко. Јас кажав дека Жарко и македонскиот народ се во иста положба, а оној мутант горе ја нападна положбата на македонскиот народ и со тоа ја нападна и на Жарко, бидејќи карактеристиките на положбите се слични. Не знам што е тука нејасно?

 Тој погоре го нападна само

 Тој погоре го нападна само твојот аналитички идиотизам. Ама толку ти сече тебе за да сватиш.

Цитат од ТАЊА:   „И не

Цитат од ТАЊА:   „И не го подржувам Жарко зашто слободата на говор не подразбира навреди и рушење на човековото достоинство. Да немавте слобода на говор немаше каде да ги изнесете вашите ставови. .“
Тања, престани да тресеш глупости. Каква е таа слобода на говор кога луѓе блиски на ВЛАСТА со нејзин амин, заштита и пари можат комотно да тужат кого им прдне за да уќуткаат секаква опозиција? Го тужеа Коља, сега Жарко, Ирена, утре кој знае кого, можеби мене, а можеби и ТЕБЕ! Немој да мислиш дека имаш „имунитет“ затоа што си симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ! И Бошковски беше порано „брат Љубе“, Георгиевски беше „Љупчо војводата“, Филип Петровски беше херој, а што се сега според власта? Издајници ти реков ми рече. Во недемократска држава секој може да настрада!
Оваа стратегија на власта е веќе провалена, во смисла, да, цензура формално нема, но сега тоа се прави со злоупотреба на легални средства (лична тужба за навреда, тужба за клевета итн.) што ќе рече уќуткување на критичарите на власта на „фин“, крајно лешперски начин.
Например напишам некоја критика против Грујо, он не смее да ме цензурира ама ОП лично тужбиче за навреда, сиромавиот се навредил, демек „он жртвата“. А всушност, во негови раце е ВЛАСТА, може да го испинуе целиот случај како му прдне, може да фабрикува докази, може да ми извади прљав веш да ме дискредитира, има кеш за адвокати, правници, медиумска пропаганда, национална мтв, сител, вечер, јанко, миленко, тепачи, блогерски спамери пун курац и ај ти Тања погоди од 10 пути кој ќе го добие спорот? ВМРОВЦИ НЕ НЕ’ ПРАЈТЕ МУТАВИ!
И на крајот на краиштата, Миленко не е света крава. Он не е Ким Ил Сунг па секоја критика упатена кон него да се третира како вербален деликт. Башка што токму тој е оној, кој не еднаш користел говор на омраза и дискриминација, што тој на најдрзок начин и го потврди при соочувањето со Жарко на А1. Токму изјавите на Миленко можат да повредат нечие достоинство, на цели колективитети (торбеши, неистомисленици на власта, ти реков ми рече). Тој  на најдрзок начин инсинуира и лепи етикети на „предавници“, па баш Жаре треба да му стегне тужба! Фаци ко Миленко,  Латас и ред други, во секоја нормална земја би сноселе одговорност за такво однесување, а тука настрадува оној кој укажува на истото. ОВА Е СТРАШНО!

Тоа им е добро проверена

Тоа им е добро проверена тактика. Сејат раздор на сите страни, а потем повикуваат на обединување и конструктивност. Како да се обединиш со некого кој сака од корен да те смени, да ти ги згази правата и да ти ја уништува татковината. Вистинскиот патриотизам почнува со критика на сопствената власт која ја гази земјата, потценувајќи ја интелигенцијата на сопствените граѓани и уште полошо суспендирајќи ги нивните права и слободи.

Ме фаќа хроничен недостаток

Ме фаќа хроничен недостаток од концентрација за читање коментари. Се извинувам. Мојот коментар оди независно од претходните дискутанти.
Жарко и Ирена (и Коља порано) се жртви на потребата на Владата да ги неутрализира гласовите на отпор. Толку. Потпишете ја петицијата... каква Македонија, какво име... овде станува збор за притисок врз судот од страна на квази - новинар кој ја ужива поддршката од владата, врз човек кој ги критикува потезите на владата. И тоа е просто како грав. Од спрегата влада-медиумски циркузанти, низ историјата, познато е, не се добило ништо добро, а редовно се раѓале најканцерогените идеолошки творби. За мене ова е доволно за суштински отпор.
Насловот на текстот на Вуна е сосема на место: Слобода обвинета за клетва. Денес Жарко, утре Ирена, задутре..., ти? Да не бидеме мајмуни. Какви-такви, Македонија, сепак има критична маса да се бори против тоталитарноста -- за среќа би рекла, во споредба со многу побогатите, а понесреќните делови од нашиот идеолошки дел од светот. Стајте се во функција, сега не е време за филозофирање.
Вуна, кога ќе биде петицијата за Ирена? 
Поздрав до сите!
 

Само немој какви-такви жити

Само немој какви-такви жити се’.

Жарко и Ирена ја имаат мојата

Жарко и Ирена ја имаат мојата целосна морална поддршка. Но мене лично ми е тешко веројатно дека петициите, поготово онлајн некој воопшто ги смета за релевантни и дека тие реално би придонеле кон некаква помош за она за кое се наменети. Само мое лично мислење.

 Секогаш сум бил,и ќе останам

 Секогаш сум бил,и ќе останам поддржувач за секој оној кој се залага и поддржува почитување на човековите права.
 Ќе застанам на страната на  „долгогодишните борци за човекови права “ Жарко Трајаноски и Ирена Цветковиќ само тогаш кога тие јавно ќе се заложат за почитување на основното човеково право,правото за самоидентификација на еден народ, македонците да се викаат онака како што одбрале да се викаат (МАКЕДОНЦИ ).

  Не сум сигурна дека овие

 

  1. Не сум сигурна дека овие дела одат под “вербален деликт“ – првенствено зошто се приватни тужби, не гони јавен обвинител и не се кажало ништо против системот пер се. Си одат под клевета која е апсолутно честа во нашето општество, на сите нивоа, не само на јавното.
  2. Не постои начин судот да НЕ ГИ процесуира приватните тужби. Исто како што не треба да постои можност да ги отфрли истите главно затоа што има отпор и петиции против нив. Во таа смисла, иако сите знаеме на какви притисоци е изложен судот, и ова е своеврсен притисок (под услов судијката да чита окно J).
  3. На судот не му се докажува дека критиките не се клевета,него тужителот ќе докажува дека се. Докажува тој што тужи.
  4. Не треба да има причина за загриженост што има тужби, луѓето се тужат не знаете за што све не. Ќе има за што да се грижиме кога ќе има правосилни пресуди , ако ги има, со кои се осудени.
  5. Кога сме веќе кај правосилноста,може ли некој да информира што е со процесот Гелевски-Латас? Се жалел ли Коља?
  6. Конечно, квалификациите дека се работи за јавни, високообразовани личности, важни за цивилното општество и слично не да немаат, него АПСОЛУТНО не смеат да имаат никакво влијание ниту во системот, а најмалку кај судот. Тоа ти е -пред законот сите се еднакви, пред законот сите смеат да бидат и тужители и тужени.
  7. Поддршка и за Ирена и за Жарко.

Слични содржини

Вуна
Вуна
GraphJam 2014 [к:22]

ОкоБоли главаВицФото