Слобода или смрт

19.10.2010 11:15
sloboda-ili-smrt-1.jpg

Конкретниот повод за текстов не е караница во маало ниту судир со некоја неонаци група, туку „дебата“ со колега дипломиран политиколог, кој јавно изрази желба живи да ги запали педерите.

Одржувањето на Парадата на гордоста во Белград очекувано се одрази и на македонската јавна (и не многу јавна) дебата, па во изминатите неколку дена можевме да проследиме многу коментари на темата. Како и секогаш, идентитетот, Господ и традицијата македонска беа главните фактори при дискусијата и, како секогаш, тие придонесуваа за промовирањето на пред сè тупави гледишта како легитимни под превезот на „слобода на говорот“. Во овој текст би сакал да се одговорам на неколку такви аргументи, промовирани од најразлични профили на луѓе. Конкретниот повод не е караница во маало ниту судир со некоја неонаци група, туку „дебата“ со колега дипломиран политиколог, кој јавно изрази желба живи да ги запали педерите, а во тоа беше поддржан од неколку високообразовани личности, меѓу другото и колеги, сега веројатно и магистри на најпрестижните програми во полето на општествените науки во Македонија и странство.

0. „Смрт за педери!“

О: Најдобар показател за нивото на толерантност и отвореност кон нехетеросексуалните сограѓани и за тоа дека „во Македонија нема хомофобија“. Предлагам мотото на македонската парада која треба да се случи што поскоро да биде „Слобода за педери!“ или пак „Слобода или смрт“ или нешто слично во тој дух.

1. „Не бе, шо ќе ги убиваме, нека има педери, повеќе жени за нас ќе останат!“

О: Имајќи предвид дека релативно ограничен број жени се палат на лажни мачовци кои имаат тенденција да се дружат претежно со други лажни мачовци, да се движат во орди и притоа патат од сериозен недостаток на индивидуалност, за оние кои го изјавуваат ова бројот на достапни жени ќе остане ист (читај: многу мал) без оглед на тоа каква е дистрибуцијата по однос на сексуална ориентација меѓу мажите. Впрочем, на „вистинскиот маж“ не му смета ниту целосно хетеросексуална конкуренција, затоа што тој не пати од недостаток од самодоверба па да му требаат таму некои педери за да му се зголемат шансите.

2. „Во Македонија нема многу педери, џабе се дига толкава врева“

О: Во Македонија, како и секаде во светот, од десет до дваесет, можеби и триесет проценти од населението не е хетеросексуално. Тука не се работи за тоа дали вие се сложувате или не, затоа што прашањето е дефинитивно, одговорот дефинитивен, и добиен со научни истражувања. Е сега, ако голем број од нив се сеуште неосознаени или латентни, тоа не значи дека не се геј, на пример. Она што е многу симптоматично е што токму анти-геј ориентираните личности најчесто се оние кои завршуваат како „излезени од плакарот“, извинувајќи се и каејќи се сопственото негирање. Ви ја препорачувам оваа листа на видни политичари (републиканци) и свештеници од САД кои биле хардкор анти-геј, а на крајот биле „провалени“ како се впуштаат во истополови авантури.

Впрочем, местата со најмногу геј секс се местата со најмногу хомофоби: затворите каде што затворениците си се меѓусебни „кучки“; војската каде што секој чека „да ти падне сапунчето“; занимлив е и случајот на фудбалските навивачки групи: конкретно, едно од најголемите „достигнувања“ на Партизановите Гробари е групното силување на водачот на Торцида пред дваесетина години. Истите луѓе во 2001 тепаа педери, а беа спремни тоа да го прават и пред некој ден. Така што, кога размислувате за тоа кој може да биде геј, не заборавајте да ги пресметате токму радикалните анти-геј фанатици (особено хардкор „републиканци“ т.е. ВМРОвци во македонскиот контекст, или пак хулигани/навивачи/друг тип на „снагатори“).

3. „Абе како може машко со машко да биде нормално“

О: Е така, може. Ако не ви се верува, пробајте, може ќе ви се допадне. Впрочем, за многумина не само што е нормално, туку хомосексуалниот секс е и прекрасно искуство. Машката простата, на пример, е неистражен регион, со правилна стимулација може чуда да се случат. Згора на тоа, кога доаѓаме до орален секс, многу разбирливо е од каде уживањето: мажот ја знае најпрецизно анатомијата на пенисот и мажот знае како тоа најтреба; жената е таа која најдобро ја знае анатомијата на вагината!


4. „Да се биде педер е против верата!“

О: Да. Но, против верата е и да се има секс пред брак, да се верува во материјални нешта (како, на пример, пари), да се убива (па макар и педери) и да се краде (па макар и патики за време на анти-геј демонстрации). Против верата се и многу други работи, кои ако почнам да ги набројувам, ќе ми снема интернет.

Оние што го користат овој аргумент сигурно исполнуваат 2 „верски“ критериуми: а) да се биде против педерите; б) да не се размислува логички.

И сепак, да не забораваме дека Господ не постои а религијата е анахрон примитивен систем на вредности кој вродува пред сè со лоши работи. На крајот на краиштата, живееме во секуларна држава во која верскиот аргумент е недоволен за да се дебатираат општествени норми.

5. „Хомосексуалноста е болест!“

О: Уште пред три и пол децении психологијата престанала да ја смета хомосексуалноста за болест. Според моите скромни познавања, мислам дека далеку попатолошки е опсесивно-манијакално да сакаш да тепаш некој само зашто е поинаков од тебе, отколку да сакаш да имаш секс со некој кој што е од истиот пол.

6. „Хомосексуалноста е неморална!“

О: Неморално е да им гледаш на луѓе кои не ги знаеш во приватниот живот. И да ти пречи тоа што го прават. Инаку, сè што се случува помеѓу две возрасни и свесни личности, на взаемна доброволна основа, и со меѓусебна согласност, е сосема морално. Па макар било тоа и сочен анален секс помеѓу двајца мажи.

7. „Европа бара од нас да ги трпиме педерите наспроти нашите традиционални вредности“

О: Никој не бара од тебе да трпиш никого, затоа што не си толку посебен па да треба некој да те тера некого да „трпиш“. Одредени права се здобиваат со самото раѓање. Едно од нив е и правото на слободно уживање на сопствената сексуалност. Тоа право не може да биде „дадено“ или „дозволено„ зашто е вродено. Европа и не е толку важна во целава приказна, реалноста треба да се менува за нас самите (замислете ако имате дете геј? сигурно ќе сакате да има шанса да најде работа и покрај своите сексуални преференци). А вредностите, навиките, „традицијата“ се предмет на константна редефиниција. Еден закон за забрана на пушењето успеа од корен да ги промени пушачките навики; што останува за нешто што не е поврзано со физичка зависност?

8. „Мене не ми сметаат, ама ми смета јавно да се љубат и да се држат за рака“ (надополнето со „Ако моето дете ги види...“)

О: Види богати! Тебе, авторитетот, ти сметале две личности кои јавно манифестираат љубов. Да не е можеби зашто ти не добиваш доволно љубов? Да не е можеби поради љубомора? Што праат бе толку страшно? Шират ЉУБОВ. Ти што правиш? Се противиш на љубовта. А многу веројатно, нит ги знаеш, нит ги познаваш. Дај прибери се малку.

А ако твоето дете ги види, тука нема ништо страшно. Твоето дете е пожелно чат пат да ги гледа и нив како се љубат во јавност, за да не израсне во нетолерантен човек како неговиот родител. Многу од оние кои се грозат од хомосексуалци или кои не можат да си замислат хомосексуалци, се однесуваат како што се однесуваат зашто никогаш немале можност да видат хомосексуалност во пракса. Дополнително, многу пострашно за едно дете е да гледа како родителот му е спремен да убива, како пцуе и шири омраза, отколку да гледа две човечки суштества во љубовен занес.

9. „Мене не ми сметаат, ама не треба да прават паради“

О: Пак контрадикција. Сепак, основниот аргумент за постоењето на парадите е потребата за признавање на инхерентното човеково право на слободна сексуална ориентација. Да го земеме примерот на Белград. Да беше Србија толерантна земја, немаше да има потреба од организација на парада. Да беше не-многу толерантна земја, можеби ќе требаше да има парада, но со минимална заштита зашто никој немаше да излезе со намера „да убива педери“. Но, бидејќи општеството во Србија е нетолерантно, мораше да се организира парада, и тоа не било каква, туку се огромна полициска и политичка заштита. Парадата успеа, работите со тоа тргнаа на подобро, и покрај сето зло, барем јавно се покажа до каде радикалното православие е спремно да оди.

Е така и во Македонија. Парада мора да има, за да се види во какво општество живееме и да се види дали е опасно по живот јавно да се биде различен.

10. „Видиш педерите што направија во Белград“

О: Педерите во Белград не направија ништо освен што се собраа мирно и си прошетаа во својот град. Ништо повеќе, ништо помалку. „Тоа“ (уличната војна) го предизвика дива орда православни хулигани под водство на попови, мавајќи буквално со дрва и камења (и со хебли и слично).

На крајот на денот, педерите освен победници, испаднаа и многу похрабри од ордата православци. Православците најкукавички фрлаа со камења од далеку, собрани во значително поголем број. Плус за нив судирот со полиција, на пример, спаѓа во опис и попис на „работното место“. Педерите тоа го знаеја и очекуваа, и не направија ништо. А кога знаеш дека некој ќе те напаѓа, па макар и да имаш полициска заштита како што имаа тие, излегувањето надвор е најхрабриот (па дури и луд) потег што можеш да го направиш.

11. „Денес педерите, утре педофилите“

О: Денес педерите, а за педофилите има кој да му ја мисли. Парадата на гордоста е парада на возрасни, изградени личности, кои стапуваат во меѓусебни врски на доброволна основа. Чинот на педофилија подразбира отсуство на елементот на согласност и тоа е тоа што го прави криминален.

12. „Денес парада, утре бракови, па после тоа посвојување деца“ или „Падот на семејните вредности“

О: Да, Парадата на гордоста е прв чекор кон целосно исполнување на правата на ЛГБТ луѓето, а посвојувањето деца од страна на истополови двојки меѓу другото го има како една од своите долгорочни цели. Несомнено, во скоро време тие ќе бидат загарантирани низ целиот свет.

Е сега, не се секирајте, не секој хомосексуален пар пукнал да се венчава (исто како и кај хетеросексуалните парови). Од друга страна, глупаво е начелно да ги прифаќате правата за слободно изразување љубов, а таа љубов да не може да биде легализирана. Бракот во современото живеење е многу повеќе правна институција отколку нешто повеќе - работите како заедничко живеење, патување, меѓусебно помагање и регулирањето на имотните прашања се многу полесни ако една двојка е во брак отколку ако не е. Според таа логика, две личности кои се сакаат не можат правно да ја регулираат својата заедница. Нема смисла.

Во поглед на „одбраната на семејните вредности“, доминантната идеја на критичарите на Парадата е дека за едно семејство да биде здраво, треба да е составено од маж и жена, зашто критериумот што го прави здраво е можноста за размножување. Но што правиме, на пример, со хетеросексуална брачна двојка, која е во константни расправии, а можеби е и пример за домашно насилство; дали пијаниот татко кој ја тепа мајката е слика на здраво семејство, само зашто се работи за хетеросексуална двојка со потенцијал да се размножува? По било кои критериуми поздраво семејство е она составено од две личности (макар и од ист пол) кои се сакаат меѓусебно, отколку семејството во кое постои тензија, насилство и омраза, па макар тие биле помеѓу маж и жена.

На крајот на краиштата, доколку размножувањето и биолошката врска помеѓу родителите и децата се единствен критериум за здраво семејство, вие не ги дискриминирате само хомосексуалците, туку и семејствата основани од хетеросексуалните парови кои не можат да имаат дете, и покрај очајните обиди да зачнат, а особено семејствата на самохраните родители кои растат деца, како и оние семејства во кои децата од икс причини се растени со некој кој што не е нивен родител.

И како што веќе реков, „нормалното“ или она што мнозинството го смета за „нормално“ не е фиксна категорија, туку за среќа може да се менува. Едно време не било нормално сите да имаат право на глас, не било нормално секој да се образува, не било нормално да се има секс во најразлични пози со најразлични фетиши, не било нормално сами да си одберете со кого ќе стапите во брак, не било нормално да се мастурбира, да се патува, да се одбива да се оди во војска, да се има свое мислење, секој да има компјутер, да не се пуши во кафеани и слично. Денес овие работи се сметаат за нормални, а веројатно сите ќе бидат изненадени колку брзо и јавното манифестирање на хомосексуалност, хомосексуалните бракови и посвојувањето деца ќе станат нормални и секојдневни работи.

слики: Џек Балас

 

Про аргумент: Околу педерите

Про аргумент: Околу педерите се вртат најаките стрејт примероци на женскиот род. Факат... :)
А нормално е ствар на навика.
п.с.
А кај се луѓето што ќе ми го бранат правото на плуралистичка љубов? :) Две, три жени и швалерка, порано било нормално. :)
 

 Напрај си парада. :)

 Напрај си парада. :)

 Жените пред мене, швалерките

 Жените пред мене, швалерките позади :)

За тоа имаш право. Мене ме

За тоа имаш право. Мене ме прашуваа од каде ги наоѓам лепотициве што излегуваат со мене:) А од каде го знаеш тоа?

 Вистинскиот ловџија знае кај

 Вистинскиот ловџија знае кај се кријат најсочните зајчиња. :)
Тоа, и 8 години престој во Љубљана, кај што некој од пријателите или пријател на пријателка гарант е опенли геј. 

Како може женскиот род

Како може женскиот род најповеќе да биде заинтересиран за педерите!!! Тоа е сепак некој нелогичен страв што постои во секој кој неосвестено ја живее својата сексуалност!Чист мит... измислен од оние наведени во првата точка наведена во текстот! 
 
Кога некој отворено на телевизија ќе излезе со своите 4 жени и зборува за својот начин на живот...тогаш исто така имате проблеми и го мразите и имате потреба да го каменувате!
Жените и швалерките не се дел од вашата Љубов туку од вашиот полов орган! Затоа и ќе си патите од него :)
 

Toa

Toa „заинтересирани“, сама си го извлече. :) Јас кажав само дека се врткаат, т.е. се дружат често, и има голем процент на квалитет. Пракса и факт, не мит.
 
Каков страв, и кој го спомна?
 
А што барам јас или било кој на телевизија да зборуваме за својот начин на живот? :) Не ми треба дозвола од јавноста, не живеам јавно, ниту пак ми е гајле кој што мисли за мојот приватен живот. Само сакам државата и општеството да не се меша во него, каков и да е.
 
До кога ова нетрпение? :)

стварно до кога!? :( 

стварно до кога!? :( 

Boring Vuna voice! So godini

Boring Vuna voice!
So godini toa, pa toa, nisto novo, slabo argumentirana kvazi-intelektualna turli-tava!
Nesto epten e in da poddrzavas pederi, u sprotivno si retardiran.
Ne sum pravoslavec, intelektualec sum i ne gi poddrzuvam pederite i sea so? Sam izbiram so ke smetam za normalno, a sto ne!
Ja nikogo ne davam so toa so sum ljubitel na svinsko, a ne na veganski sranja. Ako nekoj maz e ljubitel na mazi, ne treba toa nekomu da mu go nabiva na nos.
Se galami kao nekoj krivicno da gi goni so se gej. Ima tolku mnogu marginalizirani, a zagrozeni grupi  u drzavava, so LGTB populacijata e najmal problem.

За нешто некому да може да се

За нешто некому да може да се набие на нос, носот треба да е пикнат во непосредна близина. :)

Ти бе три чисти немаш. Ти си

Ти бе три чисти немаш. Ти си само Боки 13 на македонската интелектуална сцена. Значи, тие што се против педерите се педери кои сепак не добиваат доволно љубов и се’ уште не знаат дека се педери. Значи, најпаметно е човек да не е против педерите зошто тогаш покажува дека е педер. 
А тоа што зад политикологот застанале (важни) доста луѓе, тоа кажува нешто. И не треба да се нервираш, и да пишуваш накурчени постови со глупави наслови. Едноставно декларирај се отворено како хомосексуалец, отвори си геј бар, и прај капитал брат, пошто, како збориш, 30 посто од градов твој ќе е. А може владава и статуа да ти стори.

Баш ми е драго што се

Баш ми е драго што се појавуваат вакви текстови. Текстот нема цел да и покаже на јавноста дека треба да ги сака гејовите, туку да ги прифати такви какви што се, бидејќи и тие имаат право. Не може човек кој завршил факултет да биде толку тесноград. Човек мора да има отворени погледи, а не така. Проблемот е што кај нас владее незнаење, неупатеност и страв од подобрување.

Илустративен сектор на Окно: Алал ви вера за вторана  слика погоре за келнерот гол! Хот е стварно!
 

 Не може човек кој завршил

 Не може човек кој завршил факултет да биде толку тесноград.
А јас цело време мислев дека факултетите се вртат околу специјализација и држење до струка. :)
Добро во нашиве добиваш и паралелно образование во далаверџилук.

Незнам кој го има ова

Незнам кој го има ова изјавено: „Денес е најтешко да си бел, хетеросексуален маж.“ ама не бил далеку од вистината. 
Дај, барем овде на Балканов, уште малку да поуживаме во предноста. :)

 
 
 

а ќе ни кажеш кој е колегава

а ќе ни кажеш кој е колегава што ја дал изјава за палењето?
сходно на темава,но полично - ништо против, но кога геј пријател/познаник ме дави за мажите ми е подеднакво егоцентрично некогаш , исто како и кога стрејт другарка ме дави за мажите.
само што во вториот случај можам без пардон да кажам, без стравот од обвинение за отсуство на pc.

Генот за привлечност на Y

Генот за привлечност на Y хромозомот и генот за драматизирање идат у комплет. :)

А бе дека работиве во текстов

А бе дека работиве во текстов се милион пати кажани, тоа е точно. Ама за жал промените не се така едноставни. Инаку одамна се ќе беше завршено и сите ќе се излежувавме во Рајот и ќе си муабетевме со Горнион :).
Како и да е, 50 години СФРЈ и казна затвор од 12 месеци за хомосексуален чин си го направило своето. Ништо не се менува преку ноќ, па така и ова. Во спротивно сега ќе бевме Шведска или Швицарска.

За тоа не знам. Во

За тоа не знам. Во САП Војводина, Словенија и Хрватска хомосексуалноста не била казнива! 

Не била по 1977-ма. Иако

Не била по 1977-ма. Иако бевме во иста држава, кај нас казната беше отстранета дури во 1996-та. ?!? Веројатно затоа и толку доцниме зад Словенија (каде што во процедура во парламентот веќе е и хомо брак, а хомо самохрани родители имаат право да посвојуваат деца) и Хрватска.
Што е уште почудно, казната била само за машки акт. Чудни ли се патиштата Господови :)

Normal 0 false false false EN

Normal
0

false
false
false

EN-US
X-NONE
X-NONE

/* Style Definitions */
table.MsoNormalTable
{mso-style-name:"Table Normal";
mso-tstyle-rowband-size:0;
mso-tstyle-colband-size:0;
mso-style-noshow:yes;
mso-style-priority:99;
mso-style-parent:"";
mso-padding-alt:0in 5.4pt 0in 5.4pt;
mso-para-margin-top:0in;
mso-para-margin-right:0in;
mso-para-margin-bottom:10.0pt;
mso-para-margin-left:0in;
line-height:115%;
mso-pagination:widow-orphan;
font-size:11.0pt;
font-family:"Calibri","sans-serif";
mso-ascii-font-family:Calibri;
mso-ascii-theme-font:minor-latin;
mso-hansi-font-family:Calibri;
mso-hansi-theme-font:minor-latin;
mso-bidi-font-family:"Times New Roman";
mso-bidi-theme-font:minor-bidi;}

Одговорите се по точки дадени.
 
Парадата во Белград како се може да се нарече ама како "Парада на гордоста" никако, барем не за мене а и за мнозинството во оваа држава. Гордоста у парадата ми е сумљива и неможам да ја препознаам.
 
0. "смрт за педери" - Хомофобијата во Македонија не постои, барем јас немам забележано. Не е хомофобија ако си против педерите, тоа е само разумен став на човек кој си ја почитува верата и околината во која е растен. Таа околина не е онаа која е наметната од западот и во која не сакам да припаѓам, барем не на тој начин. Грев е да ја користиш паролата "слобода или смрт", зад таа парола стоел и прадедо ти и дедо ти и уште илјадници македонци кој гинеле за оваа држава а ти повлекуваш паралела со некоја си педерска парада која треба да покаже и изрекламира неколку стотина луѓе кој патолошки патат да бидат во центарот на внимание.
 
1. "не бе, шо ќе ги убиваме, нека има педери, повеќе жени ќе останат за нас" - Од кога стана и експерт за тоа што сакаат жените? Што сакаат жените неможат цели институти да дешифрираат а не ти кој имаш искривени гледишта околу тоа дали жената треба да биде во љубов со маж или жена. Очигледно твојата самодоверба ја имаш изгубено па луташ да ја најдеш ама некако тешко ти оди, па се мешаш во секоја манџа со т.н. твој експретски ставови.
 
2. "Во Македонија нема многу педери, џабе се дига толкава врева" - Нафрлањето со бројки 10%, 20%, 30% од населението дека не се хетеросексуалци само говори за тоа колку реално ја согледуваш оваа тематика и тоа нешто да го сметаш како дефинитивно а при тоа самиот да кажуваш дека ништо не е дефинитивно, сериозно не те разбирам. Тезата дека се тоа било научно докажано е приказна за мали деца која е сервирана од западните (а богами и кај нас) невладини организации кој се финасирани од некој како твојот добро познат Џорџ Сорос кој преку тоа гледа само добро да профитира и ич ама баш ич не го боли "тасе" за тебе како борец за човекови права. Листата на политичари што ја наведе  како некаков доказ за тоа дека анти - геј интелектуалците стануваат со тек на време гејови ти е за канта за ѓубре и тоа пред 9 да го фрлиш пошто казна пишува Грујо после тоа. Јас во овие т.н. "видни" политичари не видов ниту еден претседател, нобеловец, писател итн...како прво незнам колку е ова листа точна ама само знам дека ако повлечам паралела со нашиве политичари овие "интелектуалци" спаѓаат во групата на Амди Бајрам или на оној со врапчето (не се сеќавам како се викаше), а не на некој кој бил или е нешто во оваа држава.
Институциите КПД Идризово или Војската на РМ ти се далечна тема за тебе или и за тоа стана експрет па си бил во некоја ќелија или касарна да видиш што се прави. Немањето на аргументи и само нафрлувањето на некој улични изреки како "пази да не ти падне сапунчето" а при тоа немајќи никаков доказ, се показател дека Ти и тие околу тебе кој се со исти ставови само сакате да бидете актуелни поради вашето его кое е повредено зашто никој не ве прашува дали сте живи или не, на друг начин кажано, пробувате да се наметнете во јавноста а никој нејќе да чуе за вас па тоа ве боли дури до дупето и затоа го чешкате.
Тука околу навивачите ти симнувам капа, сериозно јас не познавам поголем експерт од тебе да збори за навивањето и навивачите (како човек кој незнам дали два пати бил на стадион а уште помалаце бил дел од некое навивање на утакмица). И повторно, вадењето од контекст на дел од докуемтарец за навивачите во кој имало инцидент меѓу две навивачки групи а е искористен зборот "силување" кој значи сосема нешто друго а не тоа на што авторот на колумната мисли, а тоа е така зашто нема никаква допирна точка со тој дел од светот. Навивањето и бодрењето на својот клуб е свето нешто за кое ти никогаш нема да го сфатиш. Низ светот навивачите секогаш биле првите кој ќе се спротиставуваат на се што е наметнато со сила така беше и за педерската парада во Белград. Истите тие што беа против Милошевиќ и го срушија беа и сега на парадата, само пред десет години одговараа а сега не, тоа се вика политика и педерска демократија или како што вика Џамбазов најлошо е да си педер во душа, а тоа е демократија.
 
3."Абе како може машко со машко да биде нормално" - Е неможе пријателе, да било така ти сега сеуште ќе си бил во тестисите на татко ти или ќе си бил истурен на некој камен. Ако имаш пробано ти, нека ти е со среќа во животот. Сега со чуството и истражувањето околу простата гледам дека и некој специалист по медицина си станал, убаво за тебе, но старите рекле: учено ама не донаучено е најлошо. Околу твоето очигледно (по текстот веќе пробано) орално искуство со некој од твојот пол едноставно ми се ЗГАДИ и признавам бев да повратам до веце. Ова е веќе ГАДНО БОЛНО.
 
4. "Да се биде педер е против верата" - Не да е против верата, туку е и против природата. Да сакал Бог ќе ги создал Адам и Стево а не Адам и Ева. Верата е против убавањето и тоа никој не го спори (само не ми ги извртувај зборовите со палењето на маичките). Без материални средства (пари) ниту Црквата ќе преживее во денешно време ниту ти и јас, значи овој дел ти паѓа во вода. Твојот став околу Црквата ми е познат, исто така и рушењето на Крстот на врвот на Водно, а зашто? Затоа што само тебе ти штрчел. Но не е тоа, причината е јасна како и за наметнувањето на парадата, ти и тие околу тебе само сакате да бидете во центарот на внимание и ако не ви се даде потребното внимание излагате на улица и цвикате зашто никој не сака да ве слуша, па не сака едноставно, одбивни сте му на народот, на кучешки јазика кажано ЧИБУ не сте интересни, тоа е проста математика. Само се Молам за тебе, Бог да ти прости.
 
5. "Хомосексуалноста е болест" - Научно е докажано дека на Марс има вода ама никој не бил да види како е таму. Истото е и со ова. Парите кој се цицаат од Европските и светските фондови ги финансираат тие т.н. независни експерти кој вадат некој резултати во кој ни самите не веруваат, и ако ги прашаш дали би сакале детето да им е педер, со заби ќе те изедат. Никој никого не тепа затоа што е поинаков. Јас немам видено во Скопје да е некој истепан затоа што бил бел, црн, црвен или жут. Тепан бил тој кој иритирал и провоцирал подолго време. Пример: Во Скопје секој ден има убиства и тепање па ниту еден од тие не бил хомосексуалец или борец за човекови права. Процената дали е болест или не е, јасна е како ден. По твоја логика и оние што лежат во институции како "бардовци" се нормални. Па да и тие по сопствени убедување кршат по дома, убиваат затоа што им е интересно, летаат со мозокот дека се Елвис Присли, Марсовци па дури и лекари и се тоа по сопствени убедувања. Зошто на нив државата им ги оспорува сопствените убедувања како болест а на педерите како нешто нормално?? Иста клапа се само едниве имаат пари за се тоа да го исфилуваат на убава торта а овие другиви немаат ниту лекарствата да си ги платат.
 
6. "Хомосексуалноста е неморлана" - Неморално е да мислиш дека сакам да знам што правиш дома приватно. Што сакаш прави додека е тоа твоја приватност. Во моментот кога ќе почнеш да создаваш општествен стандарт, тогаш имаме јас и ти проблем. Најприродна работа на свет е да шеташ гол, пошто си  гол и роден, ама не е морално и нормално да прошеташ низ ГТЦ и половиот орган да ти виси како црево. Срамота е, сепак срамота.
 
7. "Европа бара да ги трпиме педерите наспроти нашите традиционални вредности"  - Точно, никој не е вреден до толку па да го трпиш. Така и педерите не се вредни до толку па јас и другите како мене да ги трпат со тоа што се жалат и цимолат дека биле загрозени, претераа и тоа побајаги. Измислениот проблем дека наводно хомосексуалците не ги вработвале во Македонија е нешто што може само малоумен да го каже. Во Македонија има 350.000 невработени (меѓу кој и јас) па ваљда овие 350.000 не се сите педери па оваа посрана држава не сака да ги вработи. Невработеноста е хроничен проблем на ова општество а не нешто зад кое педерите треба да се задскриваат.
 
8. "Мене не ми сметаат, ама ми смета јавно да се љубат и да се држат за рака“ (надополнето со „Ако моето дете ги види..." - Воспитувањето на детето е работа на самиот родител а не на комшиите. Нивната личост може правилно да се изгради само ако расте и знае дека има или имал и татко и мајка а не дека штрк го донело и сега Тато + Тато ќе ти направат да ти биде исто.Тато + Тато =  искривени вредности. ГАДНО.
 
9. "мене не ми сметаат ама не треба да прават парада" - Во Белград парадата по незнам кој пат покажа дека со сила цивилизацискиот код на еден народ неможе да биде сменет. Тоа ти е исто како во Саудиска Арабија да им дадеш алкохол да пијат а тамошните цивилизациски и религиски закони не им дозволуваат. Тоа не значи дека не е демократски. Демократија та е релативна работа. Во Скопје парада можебе и ќе се организира ама и тука ќе има кој ќе сакаат да се спротистават на тоа, можеби нема да биде со таков интензитет како во Белград ама трена оваа држава да си ја пресмета сметката за плаќање за на крај да не биде, леле пола Скопје се демолира, а зашто?, затоа што некој нема попаметна работа и сака со сила да се наметнува.
 
10. "видиш што направија педерите во Белград" - За тебе православието знам дека не значи ништо. Но не барај и за другите да биде така. На парадата во белград алудираш на лицето кое беше облечено во мантија а после се дозна дека тој вопшто не бил свештено лице, него само некој кој нашол мантија и земал крст и излегол на улица да се спротистави на тој начин. Тоа не е став на црквата. Јас не слушнав дека некој педер беше повреден во белград. Фактот дека дел од демонстрантите беа и навивачи не е ништо страшно и забрането. Или за тебе треба да се забранат навивачки групи? Тогаш која е разликата меѓу тебе и тие што мислиш обратно. Контрадикторен си до даска.
 
11. "Денес педери утре педофили" - По твоја логика ако можат педерите да бидат нормален дел од ова општество, зошто не би било нормално педофилите да посвојуваат деца?? Нели се е до љубовта и педофилите на тој начин сакаат да ја покажат својата љубов. Тоа е љубов, ама ментално и психички болна љубов за која поединецот не е свесен и му треба лекарска помош.
 
12. "Денес парада, утре бракови, па после тоа посвојување деца“ или „Падот на семејните вредности" - Неможе секој град у светот да биде Амстердам. Секој си ја креира својата иднина, јас а и мнозинството во оваа држава нема никогаш да дозволат да педери посвојуваат деца а животот ако треба би го дал за треба да спречам педофили да посвојуваат мали дечиња. Сквернавењето на малите невини деца тие што ќе го направат ќе го платат многу скапо, можеби не на овој свет ама на судниот ден сметката ќе биде голема и тешко дека ќе се плати.
 
 
 
Во држава во која луѓе ни умираат на улица зашто немаат леб да јадат, немаат каде да се склонат, умираат зашто немаат плави картони да се излечат од обичен грип, жени умираат на поражај како да сме 15 век, во држава во која има регистрирани 33% од населението како невработени, во држава во која до вчера неможеше од табановце да се излезе, или во држава во која Македонците неможат сопственото име да си го сочуваат, ти ми збориш за демократија, за човекови права, загрозени педери по улица, во држава во која за тебе е најбитно да се организира парада на педерите за да покажеме на европа дека сме "нормални" и се тоа е ок само да не беше ти деклариран анархиста кој во својот живот нема излезено на ниту еден насилен протест (како во Грција 2008), после се ова јас веќе незнам што сакаш ти, а очигледно незнаше ни самиот и само се бараш наоколу а никако да се најдеш.

Тебе никој ништо не те ни

Тебе никој ништо не те ни праша и нема ти што да дозволуваш или да браниш. Ти не си никаков фактор :).

Здраво размислување за секоја

Здраво размислување за секоја чест. Би можел ти да зборуваш со луѓето од окно, да пишуваш текстови. Ова срање да не се форсира.

И така белиот маж од средна

И така белиот маж од средна класа, со жена (која ја малтретира), 2-3 деца, куќа, кола, викендичка, швалерка и благослов од црквата, ги праша црнците-робови, жените без право на глас, децата жртви на семејно насилство и хомосексуалците, оковани во (де факто и/или де јуре) прангии за земјата:
- Има ли некој против? Ако има, нека крене рака.
Бидејќи никој не можеше да крене, додаде:
- Така и си мислев.
ПС: Наравоучение? Честопати го гледаме само она што сакаме да го видиме.

Do not believe in anything

Do not believe in anything simply because you have heard it. Do not believe in anything simply because it is spoken and rumored by many. Do not believe in anything simply because it is found written in your religious books. Do not believe in anything merely on the authority of your teachers and elders. Do not believe in traditions because they have been handed down for many generations. But after observation and analysis, when you find that anything agrees with reason and is conducive to the good and benefit of one and all, then accept it and live up to it.
 
Буда

 Matthew 19:11-12 Jesus

 Matthew 19:11-12

Jesus replied, "Not everyone can accept this word, but only those to whom it has been given. For some are eunuchs because they were born that way; others were made that way by men; and others have renounced marriage because of the kingdom of heaven. The one who can accept this should accept it."

 Тотално се согласувам со

 Тотално се согласувам со Вуна на темава!

 Овој Владимир Божиновски од

 Овој Владимир Божиновски од пред некоја година почна да дава изјави, политиколог бил, а до сеа сите изјави му беа општи места, досадни коментари какви што даваат Керим или Чашуле на пр. Уште еднаш докажува дека е ништо повеќе од медиокритет. Башка дискусијата му е на опасна ивица на хомофобичност, не само спрема ЛГБТ.

Медиокритет??? Мене искрено

Медиокритет??? Мене искрено по начинот на пишување ми личи на нетокму.
Какви ли се завршуваат факултет денес?!? Сигурно Ајнштајн, Тесла и сличните на ним се превртуваат во гроб од срам што биле академски граѓани :((

А бе Гледач, Сексидецимален,

А бе Гледач, Сексидецимален, вие неарни сте скроз. Општи места, медиокритет... Ви сметаат „општите места“? Одете бре да живеете на некое „посебно“ место, не тука. Бог да чува од вакви ко вас. Човек против педери е нетокму. Вие имате изгубено контакт со животот.

А зошто Вуна сам не го

А зошто Вуна сам не го истражи регионот на простатата и нејзините благодети и да го сподели со нас искуството :)) Бидејќи повеќето сме смртно исплашени од нашиот латентен педерлак и тоа го рационализираме преку омраза и стигма, зошто како Прометеј не ни го даде огнот на знаењето од прва рака за да храбро одиме where gays have gone before?

Па има многу хетеро машки кои

Па има многу хетеро машки кои сакаат милување на анусот или прст односно некое друго сексуално помагало внатре, а што откако ќе се случи воопшто не сакаат да им биде спомнато дури и од нивните партнерки.

Сексадецимален

Најчесто она што се означува

Најчесто она што се означува како предрасуда е емоционален увид на вистината кој не може да исплива во рационалниот поредок. Затоа и покрај вашите блескави аргументации и интелектуална заводливост, секогаш вие, вашиот дискурс ќе бидете одбивни и туѓи на обичниот човек, човекот од практиката, здравиот разум и реалниот живот! Keep on...

Не ги читав коментарите, само

Не ги читав коментарите, само текстот. Напред Вуна! Одличен текст, одлична одбрана на правото на избор. Толку во цивилизирано општество е доволно. 
 

@Вуна Тоа со сапунчето у

@Вуна
Тоа со сапунчето у војска е мит.
 
@Владимир Божиновски
„Гробарите“ навистина го силуваа водачот на „Торцида“.

FCKH8 http://goo.gl/jSjg :)

Геј сум, ама многу има

Геј сум, ама многу има пцуење. Колку да ти парирам еве нешто http://www.youtube.com/watch?v=S5o8DFfYHS4, од „Planes, trains & automobiles“ со Steve Martin :).

Сексадецимален

super tekst! VREME E :) 

super tekst!
VREME E :) 

  Не сум геј, ама цел живот

  Не сум геј, ама цел живот за истово се расправам со луѓе. Нема што да му смета некому што прават две возразни личности. Ако ти смета оди си. Немаш право да „ти се гади“, да ти е ненормално и слично, имаш право да си одиш. Мене од колку работи ми се гади што се „нормални“ и што? Тепам некого? Пцујам, плукам некого? Не! На крајот од краиштата никој никого не присилува да биде геј. Не ти се свиѓа, не биди! Не можеш никого да присилиш ни што да мисли ни со кого да има секс ни на ништо на крајот од краиштата. 
Единствено што мене ми пречи е дека геј луѓето имате тенденција да се групирате и да ги гледате овие „што не разбираат“ од високо. Па без разлика дали некој има нешто против вас или не, вие мора вашата сексуалност да му ја триете во лице. Кога мене некоја личност ми се допаѓа, сакам да се дружам со неа итн. не ме интересира што прави и со кого во кревет. Според тоа, ако јас не им судам на луѓето според сексуалноста, зошто тие да ме гледаат како пониско битие кое не ги разбира, бидејќи е различно од нив. Сакам да кажам дека понекогаш самите како да сакате да предизвикате да ве гледаат како „различни“ поради вашата сексуалност. Па нели љубов си е љубов? Мене и некоја геј личност сексуалноста не е единственото што не разликува... па баш затоа не можам тоа да го земам како пресудна работа. 
И не сум баш за геј парада, бидејќи и јас не одам наоколу да ја рекламирам својата хетеросексуалност. Имав можност да присуствувам на геј парадата во Мадрид... искрено, тоа е претерано, тоа не е веќе Парада на гордост туку тоа е карневал на глупоста и е грдо. Не затоа што има геј луѓе што се журкаат, туку затоа што многумина изгледаа како дивљаци што едвај дочекале да ги пуштат надвор да „си играат“ порно филмови, без некој да може да ги спречи. Знам дека идејата на парадата е борба за права, меѓутоа некои работи се претерани... за тоа, на пример, дека секој човек треба да може својата љубов да ја искажува наоколу, се согласувам сосема. Но, да барате секој да ве сака или секој да ве прифаќа е невозможно. Исто како што некому му е неразбирливо да имаш секс пред брак или да чуваш куче или да јадеш брокули или да си ја фарбаш косата или да имаш тројка... никогаш нема СИТЕ на светов да ги прифатат геј луѓето. 

 Здраво Ана, ги разбирам

 Здраво Ана,
ги разбирам твоите грижи, но верувај, разликата меѓу шпанската парада и една балканска парада е огромна. Како прво, на белградската парада немаше такви маскенбали како во Мадрид, поради тоа што тука навистина се работи за темата човекови права.
Претеризамот е дел од човековата природа, па така, ако во Мадрид било нешто постигнато, луѓето си решиле да си организираат и понатаму и да се забавуваат, веруј тоа можеби е и атракција. 

Сепак, мислам дека генерализираш. Точно е тоа дека геј луѓето се групираат, но тоа имало и некаква причина. Пази тоа ти се вика социјален род или џендер. Еден таков род се и хетеролуѓето што гледаат тв, фудбал, идат по обложувачници, и имаат пивски стомаци, ги именуваат жените по половиот орган. И тие се групираат. Сепак, не мислам дека сите гејови се групирани. Имам многу хетеро пријатели. 
Е сега третата работа љубов си е љубов не е сфатена на тој начин од многу луѓе.
Ти зборуваш од перспектива на жена која има можеби отворени погледи кон светот, но на пример забораваш дека има и т.н машка перспектива или машки социјален род, и машки МАЧО-подрод. Ти сигурно не си можела (или ако си можела тогаш муабетот сигурно не бил за жени) да бидеш дел од друштвото на т.н. маркирани сканијаши и таксисти кои ти зборуваат на следниот начин: (извинете не сите и нејќамникого да навредам, има и културни меѓу нив, но имам повеќе сретнато кои се дел од оваа група): сакаш да ја "опнеш" или така. Значи тоа се случува кога си во друштво на хетеромаж кој е опседнат со такви муабети кои најчесто се случуваат во нашите средини. Таквите мажи исто така го наметнуваат своето МАЧО однесување на мажи кои немаат намера да зборуваат за тоа. Во нашето општество ги има многу. 

Ете затоа, мислам дека не ги гледаш работите од сите страни,

Поздрав
Анонименн

 Во право си. Не дека не ги

 Во право си. Не дека не ги гледам работите и од таа страна, туку сакав да истакнам и еден друг аспект од целиов муабет.
Инаку во врска со правата, реков дека сосема се согласувам дека треба да постојат, за секого, кој нормално не присилува никого на ништо. И јасна и очигледна е разликата во значењето на геј парада во Шпанија и тука. Само, не сум сигурна колку со една парада може (барем тука) да се постигне нешто. А и не гледам како поинаку би се постигнало, кога подобро ќе размислам...
Зборував само за моето лично искуство, не сакав да кажам дека „сите се такви“ и ништо слично. Многу е јасно дека луѓето се групираат според милиони критериуми или не знам како да ги наречам, еве особини или интереси, ама муабетов ми е дека не ми се свиѓа поделбата според сексуалната определба од ниедна страна, особено кога се работи за луѓе кои одеднаш решаваат дека „се различни“ само затоа што „излегле од плакар“, а ти со ништо не покажуваш дека тоа ти пречи, напротив. Тоа е мое искуство, сум почувствувала како моите геј другари/ки да ме гледаат „од високо“ зашто „кој не е, не разбира“. Не сакам униформираност по ниедна основа, тоа е целиот муабет. Во мојата љубов спрема нив нема такво ограничување. И верувам дека ниедна сексуалност не е супериорна. Сепак муабетов е многу субјективен, не викам дека сите треба вака да се чувствуваат или вака да мислат, или дека сите геј луѓе се вакви или онакви, само си кажувам. :Р Не сакав да генерализирам! Се извинувам ако така изгледаше :)
А за мачо муабетов не сакам ни да почнувам... МАЧО мажите за кои што зборуваш ти, за разлика од геј популацијата, кај мене имаат изградено една многу „убава“ и силна предрасуда :D, па затоа и успешно ги имам отстрането од моето опкружување.
Поздрав
 

 Во право си. Не дека не ги

 Во право си. Не дека не ги гледам работите и од таа страна, туку сакав да истакнам и еден друг аспект од целиов муабет.
Инаку во врска со правата, реков дека сосема се согласувам дека треба да постојат, за секого, кој нормално не присилува никого на ништо. И јасна и очигледна е разликата во значењето на геј парада во Шпанија и тука. Само, не сум сигурна колку со една парада може (барем тука) да се постигне нешто. А и не гледам како поинаку би се постигнало, кога подобро ќе размислам...
Зборував само за моето лично искуство, не сакав да кажам дека „сите се такви“ и ништо слично. Многу е јасно дека луѓето се групираат според милиони критериуми или не знам како да ги наречам, еве особини или интереси, ама муабетов ми е дека не ми се свиѓа поделбата според сексуалната определба од ниедна страна, особено кога се работи за луѓе кои одеднаш решаваат дека „се различни“ само затоа што „излегле од плакар“, а ти со ништо не покажуваш дека тоа ти пречи, напротив. Тоа е мое искуство, сум почувствувала како моите геј другари/ки да ме гледаат „од високо“ зашто „кој не е, не разбира“. Не сакам униформираност по ниедна основа, тоа е целиот муабет. Во мојата љубов спрема нив нема такво ограничување. И верувам дека ниедна сексуалност не е супериорна. Сепак муабетов е многу субјективен, не викам дека сите треба вака да се чувствуваат или вака да мислат, или дека сите геј луѓе се вакви или онакви, само си кажувам. :Р Не сакав да генерализирам! Се извинувам ако така изгледаше :)
А за мачо муабетов не сакам ни да почнувам... МАЧО мажите за кои што зборуваш ти, за разлика од геј популацијата, кај мене имаат изградено една многу „убава“ и силна предрасуда :D, па затоа и успешно ги имам отстрането од моето опкружување.
Поздрав
 

По било кои критериуми

По било кои критериуми поздраво семејство е она составено од две личности (макар и од ист пол) кои се сакаат меѓусебно, отколку семејството во кое постои тензија, насилство и омраза, па макар тие биле помеѓу маж и жена.---- Авторот како да сака да каже дека не постои насилство помеѓу партнери од ист пол туку насилството им го припишува само на хетеросексуалните двојки.  Тоа нема смисла.

Ме чуди како агресивниот

Ме чуди како агресивниот хомофоб горе, по име Владимир Божиновски, сеуште не е вработен меѓу изродбениците. Според квалификациите (сосема неписмен, до тој степен што секое „кои“ и „кој“ му е погрешно; неверојатно едностран, ограничен и агресивен; со исклучително тенко знаење и референци - како Латас и Јадибурек да му се единствените четива; фанатик и фундаменталист каков што секоја талибанска власт срдечно би посакала; и глуп глуп глуп - подложен на манипулации - до немајкаде, ах, сори, ад хоминем било, доволно беше за заградава) неверојатно е, велам, што дечково според перформансите во најмала рака не е портарол или заменик министер. Што се случува со изродбава коа вакви портокалови (а у глаа сосем зелени) бисери лутаат безделнички низ скопскиве улици?! (со целиот ризик, недајбоже, да налетаат на некакви бесрамни улични педерлаци? Абе стајте го у канцеларија, нек се смири детето, нек љуља некоја врата, душа да му дое) Ебате земјата, стварно, кајшто вакви брилијантни егземплари мерат улици наместо да кројат закони и јавно мнение...
Или, па, друго е објаснувањето: такво множество има од вакви кадри, таква концентрација и пролифереција на здрави македонски гени у здрави мк умови (а се’ набутано во велелепната ни партија), што дури и коа си вака бриљантен ко дечково - па не моеш да се пробиеш, јебига, Џони, иаме јачи кандидати...
Каква земја, а?! Само да се качиш на панорамско тркало и да ја глеаш одозгора.

Ај поработи малку на

Ај поработи малку на културата а помалку на емоциите. 

Државава страда од премногу

Државава страда од премногу сеирење, покажување со прст на туѓите неспособности, грешки и незнаења, неувидување и неисправување на своите. 
Ни треба една колективна внатрешна рефлексија. :)

Никола Гелевски осуден од

Никола Гелевски осуден од судот на Латас за навреда и клевета. Ирена Цветковиќ и Жарко Трајаноски се влечат по судови од истите причини, навредени биле други егземплари на изродбата. А вакви типови ко Владимир Божиновски сеат памет и шетаат слободно (во нормална земја - Британија, на пример - би му било пропишано, ако ништо друго, бар еднаш неделно да се јавуе кај општинскиот психолог и кај локалниот цајкан; во Британија уствари не се толку меки, таму Владимирчо би издржуел робија). Ова чисто ко дополнување и поддршка до Упатувачот на поплаката:)

 По што се разликуваат Коле,

 По што се разликуваат Коле, Вуна, Ирена, Жарко, Милчин, Геро како еден ист калап ист мустра можеби може и да се спојат во иста личност а никој да не забележи од Божиновски, Милка, Латас итн? Лик и Неговиот одраз во огледало....

Сепак, треба да се соочиме со

Сепак, треба да се соочиме со фактот дека сепак, фала му на Бога, 90% од народов не размислува како вас, односно се согласува со Владимир Божиновски, со мене, и со тој што го испровоцирал прилогов на Вуна. Што од своја страна води кон задржување на вредностите, колку и да звучи тоа наивно.
Инаку, за „Упатувачот на поплаката“, запирката пред „и“ е намерна.

Од кај па ти знаеш колкав

Од кај па ти знаеш колкав процент од народот размислува како нас? Од кај знаеш како воопшто размислува мнозинството? Да не водиш статистика преку Фејсбук или се повикуваш на оние нарачани анкети кои ги сервираат преку вести за дебили кои веруваат во нив и според тоа си го креираат и сопственото мислење?
 
Ако се повикуваш на некакви вредности, дај да се вратиме наназад едно 2-3000 години или повеќе, кога не ни постоел бракот како институција и кога покрај хетеросексуалноста цветале и хомосексуалноста и полигамијата и сите други работи што во тоа време ги сметале за вредности. Или не мора толку далеку. Еве само 100 години наназад. Кога белците колонизатори ги закопуваа абориџините живи во песок и им ги шутираа главите како фудбалски топки. Мислиш ли дека нешто се променило во почитувањето на човековите права од тогаш или вредностите на кои ти се повикуваш отсекогаш биле исти???

Сексадецимален

А кои тоа вредности уствари

А кои тоа вредности уствари се бориш да ги зачуваш? 
Токму непочитувањето на основните човечки права и вредности (право на глас, на работа/плата/придонеси, на образование, здравство, вероисповест итн, и да! право на слободна сексуална ориентација) ја доведе Македонија до 30% невработеност, 300% корупција, 200% нишај врата-земај плата, 100% партиска држава, никакво судство, здравство, образование.... ова ли се вредностите што се бориш да ги зачуваш? 

Слични содржини

Општество / Квир / Став
Квир / Став

ОкоБоли главаВицФото