ТВ Шења шири омраза и нетрпеливост поради сексуална ориентација

04.07.2017 10:17
ТВ Шења шири омраза и нетрпеливост поради сексуална ориентација

„Пратеникот на ДУИ во солзи за хомосексуалците“ - наслов на ударен прилог на ТВ Шења, или што би рекол јас, Сител за Албанци.

Со навреди и клевети во прилогот ТВ Шења се обиде да го омаловажи пратеникот од ДУИ, Бранко Манојловски, кој ја отвори темата за состојбата на ЛГБТ луѓето во Македонија. ТВ Шења освен што подолго време одработува за политичката партија Беса, исто така шири омраза и нетрпеливост по повеќе основи - најприсутна етничката и религиската, а сега почнаа да удираат и по сексуалната припадност и ориентација.

Друго нешто: пратениците на Беса реагираа жестоко на говорот на Манојловски, дека за Албанците во Македонија такво нешто било неприфатливо. Првенствено, Беса не се претставници на сите Албанци во Македонија - да не заборавиме дека Албанци гласаа и за ДУИ, за СДСМ и за Алијансата на Села.

Второ, за албанската култура и традиција можат да зборуваат културолозите и антрополозите, а не оние кои прокламираат арапска традиција и начин на живеење.

Трето, малку е мизерно истите што постојано се жалат дека биле дискриминирани во сопствената држава и граѓани од втор ред поради нивна етничка припадност, сега да му го прават истото на некој друг.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото