Систем за препознавање емоции автоматски го гаси автомобилот ако возачот е лут

18.03.2014 10:59
Систем за препознавање емоции автоматски го гаси автомобилот ако возачот е лут

Инженерите од компаниите Пежо и Ситроен во соработка со швајцарскиот универзитет EPHL тестираат систем кој се состои од инфрацрвени камери вградени во воланот на автомобилот, а компјутерскиот алгоритам од сликите кои ги снима ги препознава емоциите на возачот во реално време.

Научниците го „научиле“ алгоритамот да ги исчитува емоциите на човечкото лице, а во сето тоа им помогнале фотографиите и видеата кои одразуваат различни емотивни состојби на возачот, па сега нивниот систем може да препознае две емоции - лутина и гадење. Тестирањата се вршат во еден од моделите на Пежо Ситроен за градско возење.

Ваквиот систем во иднина би можел да биде многу корисен, а освен во автомобилите, во иднина би можел да најде примена и во видео игрите. На пример, играта може да се прилагодува според емоциите на играчите, додека кај автомобилите системот кој управува со возилото може да одбие да го стартува автомобилот доколку го препозна бесот, лутината или очајот на возачот, или евентуално само да ја ограничи максималната брзина доколку препознае преголема еуфорија насочена кон другите учесници во сообраќајот.

Извор: Huffington Post

ОкоБоли главаВицФото