„Некои девојки“ - музичка компилација

19.03.2014 22:56
„Некои девојки“ - музичка компилација

Музичката компилација „Некои девојки“ ќе биде промовирана и достапна за јавноста на 22 март (сабота). На оваа компилација се поместени 15 композиции од домашни артистки и групи со проминентни женски членови кои се дел од актуелната незавизна музичка сцена. Најголемиот дел од овие композиции ќе бидат за првпат објавени на носач на звук, а добар дел од нив се специјално креирани за потребите на компилацијата. 
Помеѓу изведувачите на ова издание има дебитанти, но и добро познати имиња со повеќегодишно искуство. На компилацијата се појавуваат Bernays Propaganda, Devojka, Future Cathedrals, G-Rough, Galathea, GreenFuzz, Herzel & Genoveva, June, Нина Георгиева, Plava, Првата Дама, Quiet Hiroshima, Sleet, Telemama  и Undone. Стилски компилацијата е разновидна, покривајќи низа на жанрови како: инди-поп, рок, пост-панк, рап, современа класична музика, електронска и експериментална музика. 
„Некои девојки“ е издание на Ако никој не свири и Младински Културен Центар - Скопје. Ќе биде достапна на компакт диск, како и во дигитален формат.

22.март, сабота, 19:00 во МКЦ.