Ердоган барал совет од г.г. Стефан како да го забрани Фејсбук

21.03.2014 12:41
Ердоган барал совет од г.г. Стефан како да го забрани Фејсбук

Скопје, 21 март 2014

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговарал со поглаварот на МПЦ г.г. Стефан за да се посоветува како да го блокираат Фејсбук во Турција. Во разговорот, архиепископот македонски и охридски му рекол на својот турски истомисленик дека забраната на социјалните мрежи за турскиот и македонскиот народ ќе значи враќање кон заедничките традиционални вредности.

Во средечната размена на мислења, според соопштението од МПЦ, г.г. Стефан истакнал:

„Чедо божје, името кажете го? (Таип.) Чедо божје, Таип. Битно е да се изгони Сатаната од сите дивајси. Јас му инсталирав плагин на владиката Пимен на апликацијата за на Гугл Плеј, ама ставив ограничување за последната тогашна верзија на оперативниот систем Андроид 4.1. Но, Сатаната не мирува чедо божје. Нон-стоп ми вади апдејти, па јас морам постојано да работам заедно со владиците Климент, Методиј и Агатанѓел до доцна во ноќта на нов код на плагинот, та, чедо мое, речиси половина од седниците на Синодот ни почнуваат во богољубезно реинсталирање. Тоа, чедо божје, името како беше? (Таип.) Тоа, чедо божје Таип, ни го јаде триџито и едвај да ми останува едно гигабајтче за да симнувам молитви и богослужби од Јутјуб.“,

Ердоган од своја страна изразил уверување дека МПЦ ќе ја прошири забраната за Фејсбук и на верниците, не само на свештениците, зашто вака додека свештениците страдаат, народот блудничи пишувајќи антивладини статуси и лајкувајќи ги.

Извор: kozanostra.net

ОкоБоли главаВицФото