Академско списание за порнографски студии достапно на интернет

28.03.2014 10:54
Академско списание за порнографски студии достапно на интернет

Минатата недела издавачката куќа Routledge го покрена новото списание Porn Studies кое ќе се занимава со увид во културата на порнографијата, природата на сексуалните фантазии и генерално истражување на порнографијата.

Според зборовите на главниот уредник при првото обраќање пред медиумите во август 2013, Porn Studies ќе биде „прво меѓународно списание посветено на критичко истражување на културните производи и услуги кои се сметаат за порнографски“.

Првото издание на Porn Studies бесплатно е достапно на интернет, а некои од насловите се „Psychology and pornography: some reflections“ и „Gonzo, trannys, and teens – current trends in U.S. adult content production, distribution and consumption“.

Авторката на последната статија, независниот научник Шантел Ан Тибал смета дека gonzo porn, порнографијата без цврсто сценарио во која глумците го разбиваат четвртиот ѕид на интеракција со камерманите и гледачите, стана вообичаена поради едноставното и евтино производство. Порнографските пародии на популарните филмови и нивните многу лоши верзии се сѐ помалку популарни, додека на популарност добиваат веб-клиповите и live-stream интеракцијата, како и порнографијата насочена кон конкретна публика, смета Tibbals.

Првото издание на списанието ја тематизира и класификацијата на порнографијата, интернет ознаките и клучните зборови со кои производителите го опишуват видеото кога го поставуваат на интернет.

„Трупањето категории не ги одвојува фантазиите едни од други, туку овозможува премин од една во друга фантазија и отвора илјадници патеки кои водат кон сѐ попрецизни желби“, пишуваат авторите на статијата, професорот Кристоф Приер и колегите од Универзитетот Diderot во Париз.

Иако порнографијата изгледа како чудна и скокотлива содржина за истражување, кога ќе се земат предвид податоците за вредноста на порно-индустријата само во San Fernando Valley vo 2002 година изнесувала четири милијарди долари, како што наведува Los Angeles Times, желбата за истражување не треба да зачудува.

Истражувањето на порнографијата сѐ уште е во настанување, а новото списание ќе се сосредоточи на рзвој на знаењето за минатото и сегашноста, во сите свои варијации во светот.

Извор: Huffington Post