Зошто од криминален се прави етнички случај кој може да предизвика меѓуетничка експлозија?

20.05.2014 09:17
Зошто од криминален се прави етнички случај кој може да предизвика меѓуетничка експлозија?

Страшно е тоа што се случи во Ѓорче Петров. Животот на еден тинејџер згасна. Добро е што еден од убијците е фатен, а се надеваме дека и другите злосторници набрзо ќе се најдат зад решетки. Овие нелуѓе заслужуваат највисока казна; ем да украдеш точак, ем да го убиеш сопственикот што те фатил во кражба. Убиство за точак. Зборува самото за душевната мизерија на тие што го сториле овој гнасен чин.

Но има нешто што е многу пострашно. Зошто од криминален се прави етнички случај кој може да предизвика меѓуетничка експлозија? До кога поради злосторства на индивидуалци ќе се обвинуваат цели народи, ќе горат дуќани и ќе страат недолжни? До кога вака лесно ќе се дозволува омразата и насилството да владеат со нашето општество?

По не знам кој пат - истото. Аман бе луѓе, нели ве поучи нешто маката на нашите соседи? Нели ви текнува на Мухамед Али Јашари? Па и тој средношколец настрада недолжно, а сите се потрудивме да реагираме порационално и успеавме, иако правниот епилог и таму е тажен?

Сепак, што е алтернативата? Нели ви е јасно дека можеме да се втурнеме во нешто многу пострашно од природна катастрофа, во нешто што не се лечи и за што не помагаат ни солидарни акции ни донации?

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Михал Беднарек