Југотип: Во име на старите добри времиња

30.06.2014 09:07
Југотип: Во име на старите добри времиња

Изложбата Југотип на креативниот тим на блогот Југодром кој го сочинуваат Милена Савиќ и Владимир Црвенковиќ ќе биде отворена на 30 јуни, во Големата галерија на Културниот центар Град, најавија организаторите.

Во овој проект уметниците се занимаваат со реконструкција на логотиповите од просторот на поранешна Југославија.

Популарните логотипови на брендовите се трансформирани и персонализирани така што претставуваат одредени карактеристики на поединците, задржувајќи го поголемиот дел од својот препознатлив визуелен идентитет кој припаѓал или сѐ уште им припаѓа на државните институции и компании од различни индустриски сектори.

Со оглед на тоа дека брендовите претставуваа национален феномен, тие покрај својата основна пазарна функција поседуваа и силен кохезионен потенцијал кој беше потврда на југословенскиот идентитет и единство.

Поаѓајќи од различни емоции, се поттикнува повторно промислување и доживување на старите симболи на нов начин.

Со користење на повеќејазични конструкции, гласовни транскрипции, преименувања, метатези, англицизми, сленг и граматички грешки, се добиваат пораки со изменет контекст и содржина, додека визуелната препознатливост на логотипот се задржува.

Посетителите на изложбата ќе имаат можност самите да изберат сопствен Југотип, да се етикетираат и јавно да покажат на кој тип припаѓаат.

Освен епитетите со кои се дефинираат себеси, ќе имаат можност за избор: сум или не сум, и преку фотографии да се спакуваат себеси во серијалот „југотип продукти“. Сите типови по изложбата ќе бидат објавени на фејсбук страницата на Југодром.

Изложбата ќе трае до 6 јули.

Извор: B92

Слични содржини

Графички Дизајн / Уметност / Музика / Историја
Фотографија / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Живот / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност

ОкоБоли главаВицФото