Стаклените скулптури на Бен Јанг

03.07.2014 10:25
Стаклените скулптури на Бен Јанг

Самоукиот уметник Бен Јанг, кој потекнува од Нов Зеланд а во моментов живее и работи во Австралија, ги обединува своите интереси и пасии преку креативната работа. Јанг, кој меѓу другото е страсен сурфер и се занимава со бродоградба и поправка на мебел, слободното време го користи за изработка на мошне впечатливи скулптури од стакло.

Со внимателно спојување на еден слој стакло врз друг, Бен Јанг создава и апстрактни и реалистични интерпретации на брановите, „телото“ и сите облици на водата, несомнено инспириран од времето поминато во и покрај големата вода.

„Работам со 2D облици и потоа морам да смислам како ќе ги преобразам во конечни 3D производи. Понекогаш точката од која почнувам драматично се менува бидејќи облиците се ограничени, па морам да наоѓам нови начини за обликување на скулптурите“, вели Јанг.

Тој истакнува дека ги обожава ликвидните квалитети на стаклото, бидејќи му овозможуваат возбудлива игра со светлината.

My Name is Ben Young - Official trailer from DAVID-CHILD on Vimeo.

Извор: www.brokenliquid.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото