Како ќе им објасниме на децата кој бил Томас Милер?

11.07.2014 11:35
Како ќе им објасниме на децата кој бил Томас Милер?

Иако фудбалскиот свет ги смета Мирослав Клосе и Хамес Родригез за најмоќни индивидуални приказни на Светското првенство во Бразил, постои една уште поневеројатна.

Станува збор за германскиот голгетер Томас Милер, кој со полуфиналниот гол против Бразил дојде на чекор од освојувањето на Златната копачка, и тоа втора по ред! Бидејќи сјајниот Колумбиец Хамес Родригез на контото има шест голови и две асистенции, на Милер поради едната асистенција повеќе му е доволен еден гол во финалето против Аргентина, за да влезе во алманахот на фудбалската игра.

Треба ли да се каже дека таков подвиг не направил никој во 84-годишната историја на Мундијалите, ниту Пеле, Еузебио, Герд Милер, Кемпес, Роси, Марадона, Линекер, Роналдо и уште многу други кои ги сметаме за вистински великани на оваа игра. И тоа на само 24 години и со уште најмалку две светски првенства пред себе.

Милер во Јужна Африка постигна пет голови, колку и Давид Вилја и Весли Снајдер, а престижната награда му ја донесоа трите асистенции. Четири години подоцна, напаѓачот на Баерн Минхен во шест натпревари постигна пет голови, повторно додавајќи три асистенции. Со вкупно 10 голови на 12 натпревари на светските првенства, веќе се проби на осмото место на сите времиња.

Бидејќи на погодоците им додаде и шест асистенции, уште сега овој младич може да се вброи во самиот врв на најефикаснните фудбалери во историјата на СП. Таквата генијалност на најголемата светска сцена е незабележана и неверојатна кога ќе се земе предвид дека Милер во Бундес лигата просечно постгигнува 13 голови по сезона и не е класична деветка.

Кога во вторник Мирослав Клосе со 16-от гол го престигна Роналдо на вечната листа, еден колега напиша дека никој нема да се сеќава на ниту еден. И беше во право. Идентичен е случајот на Томас Милер, кој во недела може да го направи НЕВОЗМОЖНОТО, а никој на светот нема да каже „ова е фудбалер каков што се раѓа еднаш во сто години“.

Томас Милер не е ни посебно брз ни силен, нема чудесен дриблнг ниту безобразно прецизен шут или славен удар со глава. Милер едноставно секогаш е на вистинското место, а нам ни останува цела вечност да расправаме дали е фер таа одлика, која навидум нема никаква врска со основните фудбалски предиспозиции, да ја менува историјата на оваа игра.

Извор: index.hr