Ќе се плаќаат придонеси и за паричките најдени на улица

25.07.2014 10:52
Ќе се плаќаат придонеси и за паричките најдени на улица

Скопје, 25 јули 2014

Со новите измени на Законот за придонеси се предвидува граѓаните кои ќе најдат метални парички на улица да издвојат дел од сумата за плаќање придонеси, здравственo и пензиско осигурвање, како и персонален данок.

„Шетањето по улици, секако, е еден вид активност, дури дејност, а некои граѓани просто се професионални шетачи. Ако притоа остварат приход во вид на метална паричка од еден, два, пет, десет или педесет денари, од таа сума треба да се издвои дел за плаќање придонеси“, вели министерот за финансии Зоран Ставревски.

Тој објаснува дека лицата кои ќе најдат парична на улица ќе бидат избришани од евиденцијата на невработени, а државата ќе ги регистрира и идентификува преку многубројните камери поставени на улиците.

„Пожелно е оние граѓани што нема да бидат забележани од камерите, полицајците или владините службеници да бидат совесни и самите да пријават дека нашле метална паричка. Апелираме и до граѓаните кои ќе забележат некој свој сосед, пријател или роднина да оствари ваков вид приход, да го пријават до соодветните инситуции за да може да биде регулирано подмирувањето на новата обврска“, нагласува Зоран Ставревски, и додава дека новите давачки се за доброто на граѓаните.

На прашањето зошто овој благодат не беше наведен во обемната предизборна програма, Ставревски одговори дека веројатно станува збор за печатарска грешка, направена од некој вработен во печатницата близок до СДСМ.

Слика: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото