Ставревски: Нема да се плаќаат придонеси за митото за функционерите

03.11.2014 12:25
Ставревски: Нема да се плаќаат придонеси за митото за функционерите

Скопје, 3 ноември 2014

Новото оданочување на хонорарците од 35 отсто нема да важи за митото издвоено за функционерите од власта, соопшти денес министерот за финансии Зоран Ставревски на прес конференција во ресторанот „Рушвет бар“.

„Деновиве во јавноста се изнесоа многу неточни информации во врска со новото оданочување, но сите функционери, како и граѓаните кои даваат мито можат да бидат спокојни - за митото нема да се одвојуваат придонеси, ниту за она под 9.500 денари, ниту за митото кое ја надминува оваа сума“, изјави Ставревски.

Тој објаснува дека голем број функционери предложиле придонесите за митото поголемо од 9.500 денари да ги плаќаат граѓаните, а здравственото и пензиското осигурување да важи за функционерите, но премиерот пресекој последен и ја отфрлил таквата идеја.

„Премиерот Груевски оцени дека не е потребно дополнително оданочување околу митото, бидејќи тоа и онака подлежи на посебен, интерен данок кој функционерите мораат да го плаќаат на државата, односно партијата, што е исто“, поентираше министерот за финансии.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото