1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 14:59
Скопје, 3 јануари 2015
„Народот да остане смирен и да не подлегнува на провокациите на опозицијата, чија единствена цел е да нè одвлече од празијадите и да нè натера да се занимаваме со тривијалности, како што е криминалот на власта“, порача Ѓорге Иванов од традиционалната манифестација на везење гоблени „Вешт државник“.
Тој смета дека ова мрачно сценарио на раководството на СДСМ ќе го оддалечи народот од вековните традиции и специјалитетите кои се сржта на неговиот идентитет.
„Да не дозволиме најавите за откривање милионски криминали да направат да престанеме да се занимаваме со дегустација на ајвар, пинџур, пастрмајлија, пача, туршија, сушени пиперки, домашна ракија, пита и слатко од капини“, повика Иванов.
Тој објасни дека не е засегнат од објавувањето на снимките, бидејќи знае дека во неговиот случај, тоа се часови и часови снимено молчење.
„Како што гласи античката македонска поговорка, молчењето е злато. Онакво какво што реков дека ќе се вади од Анска Река. Затоа, нема зошто да бидам загрижен - кај мене снимиле часови молчење. А оние кои сакаат да ни го одвлечкаат вниманието со криминалите на власта од суштинските активности, нека знаат дека не сме Македончиња, туку Хунзи од Гренланд. Им го објаснив тоа и на дечките од Ломоносов“, поентираше претседателот Иванов.
Тој покажа дека неговите ставови не се празна реторика, затоа што веднаш по разговорот за Пара вести, тргна за Мокрино, каде ќе присуствува на промоција на книгата „Берењето дренки и македонскиот идентитет“ од авторот Македон Пакистанчев.
Слика: Свирачиња