Јас имам сон

28.08.14 13:10

На денешен ден пред 50 години афроамериканскиот баптистички свештеник Мартин Лутер Кинг го одржа својот најпознат говор, кој се смета за еден од највлијателните повици за социјална правда во историјата.

Овој говор инспирираше генерации активисти во светот да спроведуваат ненасилен отпор или, како што има кажано самиот Кинг, на „средба на физичката со духовната сила“.

Говорот на Кинг беше всушност кулминација на „Маршот кон Вашингтон за работа и слобода“ на кој учествуваа околу 250 илјади луѓе од сите раси во земјата која беше потресувана од расни и социјални тензии.

Подолу може да погледнете дел од овој славен говор кој ја одбележа светската историја.

ОкоБоли главаВицФото