Пар им објаснил на децата дека се виновни за разделбата

06.09.2014 13:32
Пар им објаснил на децата дека се виновни за разделбата

Скопје, 6 септември 2014

Стојан и Милка Петрески, кои се разделуваат по 15 години брак, ги обвинија своите деца како единствена причина за разделбата.

 

Уште еден брак кој се распаѓа не е ништо ново во ова модерно време, но причината за проблемите во бракот на Петрески не е неверството, ниту економските услови, туку нивните родени деца.

„Да ги немаше децата, секако дека ќе останевме заедно. Тие се единствениот проблем“, објасни господинот Петрески.

Низ неконтролирано липање, лигавење и плачење едвај разбравме кога 10-годишниот Илија и неговата 7-годишна сестра Марта објаснуваа како дознале дека родителите им се разведуваат.

„Ни рекоа да седнеме, ни дадоа чоколадо и рекоа дека имаат лоши вест. Тогаш дознавме дека мама и тато повеќе нема да бидат заедно, а кога прашавме зошто, ни рекоа дека сето тоа е поради мене и сестра ми“, ни објасни Илија.

Госпоѓа Милка ја потврди оваа приказна и гордо истакна дека кај неа дома секогаш се кажувала вистината и ништо не се криело од децата.

„Моравме да им кажеме на децата, сепак тие се единствена причина за распадот на бракот. Нè излудуваат и полека го уништуваат нашиот однос. Борбата за старателство би можела да биде интересна. Да се види кој е полош родител. Знам дека ќе дадам сè од себе за да изгубам. Но на крајот веројатно ќе ги поделиме децата. Никој не би преживеал со двете. Премногу мака и работа“, објасни Милка Петреска.

Но, господин Стојан сепак се надева на посреќен крај.

„Ако имаме среќа, можеби судот ќе пресуди дека двајцата сме неспособни родители. Па нека ги испратат децата кај некоја баба. Можеби тогаш дури и ќе се смириме и ќе живееме среќно без децата“, оптимистички коментира Стојан.

Извор: news-bar.hr