СПЦ и ЛГБТ парадата

26.09.2014 15:18
СПЦ и ЛГБТ парадата

На црквата ѝ се забележува што ја проколнува Парадата. Што би требало таа да прави?

Во книгите Мојсееви стои: „Кој ќе го облегне мажот како жена, да се погуби“. Во врска со најновата црковна (реторичка) „одбрана“ на содомијата, треба да се сетиме дека пишува и: „Кој ќе облегне животно, да се погуби“. И потоа: „Животното да се погуби“. (Наведувам според сеќавање, немам време да го земам во раце Стариот Завет; претпоставувам дека животното како жртва на содомија исто така е осудено на смрт поради преживеаното магиско пред-мнонотеистичко сфаќање дека е „инфицирано“ со грев).

Оној Вебер што разноразен свет го спомнува во последнава година сметал дека сексуалната реглементација на старите Евреи произлегла од напорите да се надвладее половата верска оргијастика на нивните претходниции и комшии: култот на Астарта вклучувал ритуална проституција на нејзините свештенички, а обредите на обожување на Молох ритуална мастурбација.

За разлика од старите Евреи и од нив произлезените христијани, политеизмот кај пред-исламските Арапи не подразбирал верска оргијастика сосредоточена на сексуалноста, туку на постигнување тешко-пијана религиозна екстаза. Слично на дионизиските мистерии кај Грците. Па Чесниот Куран го забранил она што опива.

Историскиот развој се движел од екстатична кон методична религиозност. Во Новиот Завет Исус воведува полиција на мислата: не сум виновен пред Бога само ако се однесувам неприлично, туку и ако посакам нешто што е забрането.

Црквата е соочена со низа проблеми; најмал е проблем е тоа што некои владици се педофили. Поголем проблем е не-монотеистичката сексуална слобода на повеќето верници и вернички. Веруваат во монотеистичкиот Бог, ѝ припаѓаат на Црквата, искрено, а се однесуваат спротивно на Божјите заповеди.

Црквата не може да заговара погубување на хомосексуалците; таа само ги напаѓа по медиумите. Не може да увери ни најмал дел од своите верници дека оној што само ќе погледне жена со копнеж е прељубник во срцето свое; верниците гледаат порно филмови, практикуваат полови односи пред брак, и остануваат верници, бидејќи ја почитуваат Црквата, а го обожуваат Бога. Само што не ги слушаат. И што нивната вера, како и нивното однесување, се поинакви од канонот на монотеистичката религија, а посебно од христијанството.

Латентната функција на осудата на ЛГБТ лицата е израз на немоќта на Црквата да го контролира однесувањето на вернциите и верничките. Таа се насочува кон гејовите, бидејќи ги изгуби сопствените верници и на планот на однесување и на планот на почитување на доктрината.

Гејовите, кои ги тепаат и кои се дискриминирани, треба да се бранат; пишував за тоа на Пешчаник. Поддршката за слободното изразување на уверувањата и искажувањето на личните својства расте. Црквата ја губи битката: вернциите ја почитуваат, државата ѝ ласка (и истовремено ја контролира) и финансира, но духовната власт на Црквата исчезна. Искрените верници влегуваат во храмовите во мини-здолништа и се венчаваат со зголемен абдомен; верниците кои ја почитуваат Црквата бркаат сојки. На црквата наместо ефикасната полиција на мислите ѝ остана само медиумското трачарење.

Извор: Peščanik.net, 26.09.2014.