Полиција во Рејкјавик

03.10.14 14:53

Луѓе што држат мали мачиња, крофни, шеќерна волна, хранат птици, возат скејтборд, позираат со смешни вештачки мустаќи... Тоа сигурно не се глетки што ги очекувате на официјалниот Инстаграм профил на нечија полиција. Но, токму такви опуштени фотографии можат да се најдат на Инстаграм профилот на полицијата во Рејкјавик.

Според БиБиСи, Исланд има една од најниските стапки на криминал во светот, а полицијата најчесто е невооружена.

Профилот на Инстаграм на полицијата во Рејкјавик го следат 81.000 корисници, а не е изненадувачки одделот на полицијата во главниот град на Исланд да е еден од најпопуларните во светот.

Извор: Reykjavik Police Department Instagram