Фотопортрети на преживеани од Аушвиц, по повод 70-годишнината од нивното ослободување

24.01.2015 13:32
Фотопортрети на преживеани од Аушвиц, по повод 70-годишнината од нивното ослободување

Ева Фахиди, 90, држи фотографија од нејзиното семејство кое било убиено во логорот. Фото: Ласло Балог

 

Се наближува 70-годишнината од ослободувањето на заробениците во концентрациониот логор Аушвиц, со влегувањето на трупите на советската црвена армија на 27 јануари 1945 година. По тој повод, двајца фотографи од агенцијата Ројтерс направија фотопортрети од луѓето кои го преживеале ужасот во најозлогласениот нацистички логор и сè уште се живи. Тие ги раскажуваат своите приказни, за она што се случило никогаш да не се заборави.

Во логорот Аушвиц, отворен во Полска за време на нацистичката окуација, биле убиени 1,1 милиони луѓе, од кои најголем број Евреи. Од 200.000 заробеници ослободени во 1945 година, денес се живи околу 300.

Многу од преживеаните заробеници кои се фотографирани во оваа серија се Полјаци од Варшава. Дел од нив позираат држејќи семејна фотографија со останатите членови на семејството кои ги загубиле во нацистичкиот терор.

Јиржи Улатовски, 83, бил однесен во Аушвиц како 13-годишно момче. Фото: Кацпер Пемпел

Јагвида Богуцка, 89, била испратена во логорот заедно со нејзината мајка. Овде позира со нејзина фотографија од 1944. Фото: Кацпер Пемпел

Јацек Надолни, 77, држи фотографија од неговото семејство, направена за време на Втората светска војна. Фото: Кацпер Пемпел

Марија Строинска, 82, држи семејна фотографија направена пред војната. Фото: Кацпер Пемпел

Халина Бржозовска, 82, била земена од нејзиниот дом со нејзината 6-годишна сестра. Држи своја фотографија од воените години. Фото: Кацпер Пемпел

Ласло Бернат, 87, со семејна фотографија во рацете. Неговото семејство било убиено во концентрациониот логор. Фото: Ласло Балог

Данута Богданиук-Богуцка, 80, имала десет години кога била депортирана во Аушвиц, каде била подложена на експериментите на Менгеле. Фото: Кацпер Пемпел

Барбара Дониецка, 80, имала 12 години кога била одведена во Аушвиц. Во рацете држи своја фотографија од времето на војната. Фото: Кацпер Пемпел

Елжбиета Собчинска, 80, била депортирана во Аушвиц заедно со мајката и братот на 10-годишна возраст. Фото: Кацпер Пемпел

Мариан Маерович, 88; мајка му и брат му биле убиени во гасна комора. Фото: Кацпер Пемпел

Ержебет Брод, 89, со фотографија од нејзиното семејсто кое било убиено во логорот. Фото: Ласло Балог

Стефан Сот, 83, имал 13 години кога бил депортиран во Аушвиц. Фото: Кацпер Пемпел

Јанина Реклајтис, 80, била одведена во логорот заедно со мајка си кога имала 12 години. Фото: Кацпер Пемпел

Лајош Ердели, 87, држи цртеж нацртан од пријател кој го запознал во логорот. Фото: Ласло Балог

Богдан Бартниковски, 82, имал 12 години кога бил одведен во Аушвиц со неговата мајка. Фото: Кацпер Пемпел

Јанош Форгаш, 87, бил дел од група кој била депортирана до логорот во вагон со запечатени прозорци. Фото: Ласло Балог

Извор: Reuters

ОкоБоли главаВицФото