Сириза со „Бела чао“ фрли сенка врз италијанските претседателски избори

30.01.2015 15:25
Сириза со „Бела чао“ фрли сенка врз италијанските претседателски избори

Додека Грците ја поздравуваат историската победа на Сириза со италијанската партизанска химна „Бела чао“, италијанскиот премиер Матео Ренци нервозно се соочува со отпорот во неговата партија пред клучните претседателски избори оваа недела.

„Добивајќи јасна насока и движејќи се кон формирање нова влада за кратко време, лидерот на Сириза Алексис Ципрас исто така ги стимулира и италијанските поддржувачи, вклучувајќи и значителен број на противници на Ренци во неговата партија“, вели Франчесто Галиети, основач на истражувачката компанија Policy Sonar од Рим

Влијанието на Ренци во Демократската партија (PD) ќе се набљудува одблизу кога на 29 јануари 1.009 државни законодавци и делегати ќе се соберат во Рим за да гласаат за нов шеф на државата, откако 89-годишниот Џорџо Наполитано ја напушти функцијата овој месец.

Некои пратеници од од левото малцинско крило на PD, меѓу кои Џузепе Чивати и Стефано Фасина, беа дел од про-Сириза делгацијата која ја посети Атина пред изборите. Поддржувачите на Ники Вендола, лидер на Партијата на Левицата, екологијата и слободата, еден од најсилните поддржувачи на Сириза во Италија, ја пееја химната „Бела чао“ од Втората светска војна на тридневниот настан во Милано минатата недела. Сега, Вендола се обидува да отвори дијалог со оние кои се на анти-Ренци линија во PD за да види дали можат да ги здружат силите.

Можни „дезертирања“

„Бројните 'дезертирања' во првите три круга од гласањето и избори кои потсетуваат на минатите со петте неуспешни кругови ќе предизвикаат проблеми“, им пиша Волфанго Пиколи, директор на Tene Intelligence во Лондон, на своите клиенти на 13 јануари. Таквиот исход веројатно ќе го означи крајот на „неговите силни реформи и актуелната легислатива.“

Ренци мора да најде начин да ги одржи обединети неговите пратеници и да се дистанцира себеси од Ципрас, кој вети дека ќе ги преиспита буџетските ограничувања на ЕУ. Додека Ренци и Ципрас ја истакнаа потребата да ја променат Европа и да го сменат фокусот од задолженоста кон растот, италијанскиот лидер досега се обврзуваше дека ќе ги почитува сите обврски договорени со Европската унија.

Ако Ренци не може да ја обедини неговата партија, ризикува повторување на априлските претседателски избори од 2013, кога Наполитано беше практично принуден да прифати втор мандат откако парламентот со денови не можеше да се договори за негов наследник. Во тоа време, PD не успеа да го избере Романо Проди, својот кандидат за претседател, поради 100 „дезертирања“ на нивни пратеници на тајното гласање. Поразот го принуди лидерот на Партијата Пјер Луиџи Берзани да даде оставка.

Грчко влијание

Овој пат влијанието од грчките избори не може да биде избегнато, „иако многу нешта ќе зависат од волјата на Ренци да каже дека Италија ќе игра активна улога поддржувајќи го грчкото барање за редефинирање на обврските околу долгот“, изјави во интервју Франческо Бочија, пратеник од партијата на Ренци кој исто така заседава и со Буџетскиот комитет. На тој начин премиерот може „да го смири конфликтот со противниците во неговата партија, кој изгледа сè позатегнат“ со победата на Сириза.

Италијанските претседателски избори се неверојатно комплексна работа, со само два круга, обично одржани еден по друг ден. Потребно е двотретинско мнозинство за да се победи во првите три круга, додека почнувајќи од четвртиот, доволно е апсолутно мнозинство од вкупно 1.009-те пратеници. Додека некои претседатели, како Франческо Косига во 1985, се избрани во еден ден, изборот на Џовани Леоне во 1971 траеше дури 23 кругови.

Денес Ренци има средби со претставници од повеќето политички партии во Италија за да разговара во врска со изборите.

Италија треба да избере политичар како нов лидер на државата, изјави Анџелино Алфано, министер за внатрешни работи и лидер на Новата партија на десниот центар по средбата со премиерот. Тој додаде дека му кажал на Ренци дека пратениците кои гласаат треба да изнајдат меѓународен и институционален профил на претседател.

Извесни „дезертирања“

Демократската партија има околу 450 пратеници и делегати. Дури и без напуштања, тоа сè уште е далеку од потребните 505 гласови потребни за мнозинството, за кое Ренци изјави дека се надева оти ќе го има во четвртиот круг.

Со сè поизвесните „дезертирања“, Ренци ќе треба да направи договор или со движењето на Бепе Грило или со партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони за да ја го истурка својот кандидат, потег што може да предизвика несогласувања во иднина.

Кандидирањето на лидер на државата може да го зајакне сојузот од интерес помеѓу Берлускони и Ренци. Нивниот договор е познат како Назарено пакт, според римската улица каде се наоѓа главниот партиски штаб на Ренци и каде тие се сретнаа во јануари 2014, еден месец пред поранешниот градоначалник на Фиренца да ја зголеми својата моќ. Договорот содржи стратегија која има цел да обезбеди стабилна влада преку нов изборен закон и уставни реформи.

„Ренци го искористи неформалниот сојуз со Берлускони за да ги протурка тие реформи и да ги ослабне неговите внатрешни противниици“, вели Рикардо Барбиери, главен европски економист во International Plc. „Претседателските избори се идеална можност за левичарското крило на Демократската партија да му се спротивстави - рационално, треба да го искористат тоа.“

Извор: Bloomberg, 27.01.2015.

ОкоБоли главаВицФото