Зошто е добро да се чита: Сите волшебни моќи на книгите

06.02.2015 11:12
Зошто е добро да се чита: Сите волшебни моќи на книгите

За многумина, градските библиотеки претставуваат феномен, со оглед на тоа дека книгите со различни жанрови и содржини се достапни во исклучително голем број, сосема бесплатно. На располагање ви се стари и нови изданија од најдобрите светски и домашни дела, илустрации и мотиви, царство од разновидни тематики кои ќе ве опуштат, инспирираат, научат, поттикнат.

Предностите на читањето се бројни, а писателот Глен Стенсбери издвојува неколку лични причини заради кои е важно и потребно да се чита, наведувајќи ги и начините на кои книгите го унапредиле и подобриле квалитетот на неговиот живот.

Книгите ја јакнат вашата интелигенција, ви даваат широко и разновидно знаење, а со самото тоа влијаат и на високата просечна оценка, без разлика дали сте ученик или студент. Знаењето е одличен начин да го постигнете и работите тоа што го сакате, затоа што во вас буди чувство на сигурност, одлучност и самоувереност, кои се потребни за успешно извршување на работата или секојдневната комуникација со луѓето. Освен тоа, книгите го намалуваат нивото на стрес, затоа што се одлична дистракција од проблемите или напнатиот ден што сте го имале, особено ако станува збор за авантуристички, интригантни и опуштачки приказни. Читањето во доцните часови побрзо ќе ве заспие и ќе ве релаксира, што е поврзано со големата вредност на книгите која може да ја подобри вашата смиреност, а да ја смири изразено динамичната енергија или анксиозноста.

Доколку сакате да го подобрите своето аналитичко размислување и општото знаење, тогаш читајте. Вашиот ум побрзо ќе донесува одлуки и заклучоци, што може да ви биде од голема помош кога станува збор за кариерата и деловните способности. Понекогаш, „лесните четива“ можат да ве научат на многу корисни нешта, а во определен момент да не бидете свесни за нивните вредности.

Унапредете ги својот вокабулар и меморијата. Дали сте знаеле дека читањето им помага на вашиот речник и правопис, значително повеќе отколку директниот говор или училишната настава? Во книгите ќе пронајдете непознати зборови кои потоа ќе ги истражите и ќе ги запаметите, со оглед на тоа дека сте вложиле време, труд и посветеност да го пронајдете значењето на одреден збор.

За да бидете добар писател, потребни ви се исклучителни вештини за пишување и изразување, кои ќе ги вежбате со читање и усвојување нови, креативни реченици, формулации и текстови. Доколку се одлучите за книга на странски јазик, ќе бидете принудени да го усовршувате своето познавање на англискиот, германскиот, францускиот или некој друг странски јазик. Книгите ги будат фантазијата и новите идеи, а тоа може да ве насочи во сосема нов правец во животот, за кој претходно не сте ни размислувале. Несвесно ќе се менуваат вашите цели, желби и приоритети, а со текот на времето ќе станувате сè пообразовани, поумни и позрели.

Извор: http://www.bizlife.rs/

Слични содржини

Прашалник за ... / Книжевност / Живот
Општество / Активизам / Живот / Филм
Општество / Активизам / Живот / Теорија
Живот / Теорија
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото