1022 hPa
39 %

25 °C
Скопје - Пон, 28.04.2025 15:59
Синиот тапчо живее
на голите карпи
на Галапагос
и од ништо не се плаши.
Тоа е едноставен живот:
тие живеат од риби,
а грабливци има малку.
Покрај тоа, мажјаците не
прават будали од себе
трчајќи по млади
дами. Тие,
порадо, собираат сини
дрангулии дојдени од светот
и од нив прават
гнездо ‒ случајно најдени
пакла од Голоаз,
нанижани перли,
парче ткаенина од
морнарска облека. Тоа
ја заменува потребата од
блескаво перје;
всушност, во текот на последните
педесет милиони години
тамошниот мажјак
поприлично затапел,
дури и не пее добро.
Вистина, женката
малку и бара од него ‒
синото сосема
ја задоволува, има
магично дејство
врз неа. Кога се враќа
после ден поминат
во црцорење и пазарење,
таа гледа дека тој ѝ пронашол
ново парченце сина фолија:
затоа го наградува
со своето темно тело,
ѕвездите бавно се вртат
во сината фолија крај нив
како очи на некој благ спасител.
Препев: П. В.
Џемс Тејт (James Tate, 1943), американски поет, прозаист, уредник, професор по креативно пишување. За себе вели дека пишува во „традицијата на непуристите“ и ги спомнува Витмен, Вилијамс и Неруда. Вели: „Песната е човеков највозвишен напор зашто е бескорисна“. За него, поезијата истовремено е форма на протест и на прослава.