Прогресивна компанија им плаќа на жените и мажите 50% помалку од тоа што треба да го заработуваат

19.03.2015 16:37
Прогресивна компанија им плаќа на жените и мажите 50% помалку од тоа што треба да го заработуваат

Скопје, 19 март 2015

За да ја покаже својата грижа за еднаквиот третман на сите вработени, напредната компанија „Шкрт-трејд“ од Скопје реши да ги плаќа и мажите и жените со 50% од сумата што би требало да ја заработуваат.

„Во нашата компанија отсекогаш сме сметале дека вработените кои подеднакво придонесуваат со своето залагање и напорна работа треба да бидат и еднакво платени, без разлика дали се мажи или жени“, вели Крвопиј Газдарев, директорот на „Шкрт-трејд“.

Тој објаснува дека родот не влијае врз тоа како менаџментот на фирмата ги третира вработените, и дека нивниот труд треба подеднакво да биде помалку платен, без никакви исклучоци.

„Веќе ги чувствуваме позитивните ефекти од ваквиот еднаков третман на родовите, а тоа го покажува заштедената сума од ставката за плати“, поентираше Газдарев.

Адаптирано од: The Onion